Асистентката на Ким: Што треба да знаат сите амбициозни луѓе?

Стефани Шепард работи во семејството Кардашијан, како лична асистентка на Ким уште од 2013-та година, а денес е одговорна за сите брендови и производи надвор од реалното шоу на Ким.

od-asistentkata-na-kim-najvaznata-rabota-koja-treba-da-ja-znaat-site-ambiciozni-lugje-01.jpg

Па, нормално, сите сакаме да знаеме што може да открие Стефани за едно од најамбициозните успешни семејства.

Во едно интервју дури и ја открива најважната работа која ја научила од Крис Џенер: „Ме научи да не ги одложувам работите. Ако сакам нешто да направам, морам сама да се погрижам дека ќе би де завршено“.

И звучи како нешто кое би го кажала една од најамбициозните мајки кои ги познаваме денес.

А, еве што вели за Ким:

Ако ги одложувате работите, ова не е светот за вас. Ако некој ѝ каже не, таа нема проблем да застане и да се бори, велејќи „Нема да го прифатиме тоа, јави се на телефон и реализирај го.“ Таа жена може буквално преку телефон да го промени светот. И некако успева и да се посвети на својата работа и да воспитува деца и сè уште да биде сигурна дека секој вработен добил подарок за Божиќ, со картичка со убава порака. Целам кон тоа еден ден да бидам таква личност.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава