Како да се ослободите од професионалниот стрес?

Секој втор работник страда од професионален стрес, а повеќе од 70% од нив чувствуваат директни последици и врз здравјето, велат истражувањата.

Kako-da-se-oslobodime-od profesionalniot-stres-2.jpg

Доколку забележувате дека непрекинато сте изморени, напнати, раздразливи и се чувствувате болно, тогаш без сомнение се работи за професионален стрес.

Многу луѓе не се ни свесни за оваа состојба, која често е предизвикана од работа во нездрава средина, неубаво осветлени простории, лоша вентилација, напорни и непријатни колеги и лоши односи меѓу работниците.

Kako-da-se-oslobodime-od profesionalniot-stres-3.jpg

Според психолозите, можеме и самите да си помогнеме, но доколку средината станува премногу токсична, решението е едно – напуштање на работата.

Сепак, ако состојбата е поднослива на горна граница на толеранција, тогаш е потребно да се соочите со стресот и да ги лоцирате причините. Тоа е првиот чекор кон наоѓање на решение на проблемот.

Најпрво, ослободете се од ирационалните очекувања, било да си ги наложувате самите или пак да се зададени од претпоставените. Бидете обѕирни кон колегите, но научете и да кажете „не“.

Kako-da-se-oslobodime-od profesionalniot-stres-4.jpg

Сите кои работат се адекватно (помалку или повеќе) платени за нивните работни задачи и поради тоа е добро да не преземате премногу обврски врз себе бидејќи многу е веројатно дека ќе помине незабележано, па дури и без знак на благодарност.

Ценете се себе и своето време, покажете став, немојте секогаш да бидете целосно на располагање и почитувајте си ги сами работничките права. Со добра организација на времето ќе можете да ги завршувате сите задачи и да ви остане слободно време.

Kako-da-se-oslobodime-od profesionalniot-stres-5.jpg

Најважната точка во целата ситуација е да го разграничите приватниот живот од професионалниот. Тоа значи дека кога сте дома, треба да заборавите на работата, но и кога сте на работа, целосно посветете се на тоа професионално да го одработите денот.

Kako-da-se-oslobodime-od profesionalniot-stres-6.jpg

Имајте живот и надвор од канцеларијата и не се трудете да бидете приватни пријатели со сите колеги - тоа е можно само во многу ограничени ситуации.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg