Како различните професии може негативно да влијаат на приватниот живот?

Според социолошко истражување, човекот поминува повеќе од третина живот на работа.

kako-razlichnite-profesii-mozhe-negativno-da-vlijaat-na-privatniot-zhivot-01.jpg

Тоа секако влијае на нас и на нашите психолошки карактеристики, бидејќи работата и однесувањето кон неа станува дел од нас.

Покрај позитивните ефекти кои професијата може да ги има врз човекот, сепак има и негативни страни, или професионални деформации.

Тоа не значи дека треба да се откажете од професијата, но добро е да знаете како таа влијае на личниот живот, за да не дозволите да правите грешки, или пак за да имате повеќе толеранција знаејќи ги сите недостатоци.

Погледнете како влијае речиси секоја професија на човекот:

Воено лице

Професијата на воените лица освен што влијае на нив самите, влијае и на нивното семејство.

Блиските луѓе живеат во атмосфера со строги правила и дисциплина. Децата на воени лица се чесни, имаат достоинство, како и физичка подготвеност, што е голема предност.

Но, понекогаш воените лица може да развијат ладнокрвно однесување и да ја изгубат способноста за емпатија.

Тие се обучени да бидат објективни и да се водат по логика, а не да сожалуваат, па затоа тешко им е да бидат меки и љубезни со блиските.

kako-razlichnite-profesii-mozhe-negativno-da-vlijaat-na-privatniot-zhivot-02.jpg

Медицинско лице

Професијата на медицинските лица секојдневно ги соочува со луѓе кои имаат болки, но постојано се опкружени и со смрт, па токму затоа тие имаат одбранбен систем така што стануваат индиферентни и ладни за да можат да го издржат тоа.

Навиката да не покажуваат емоции на секоја ситница може да направи тие да станат поладни и кон сопствените проблеми и да не ги доживуваат со голема загриженост.

Тие може да не покажат емоции и во ситуации кога треба да го направат тоа и ретко ги споделуваат нивните проблеми, но затоа се секогаш подготвени да спасат нечиј туѓ живот.

Наставник

Наставниците се стручни и професионални кога станува збор за справување со група деца, па со текот на годините развиваат сериозност и моќ.

Авторитетот, склоноста кон држење монолог, држење предавања и држење до формалност и правила се квалитети кои се наоѓаат кај речиси секој просветен работник.

После толку долго работење со деца, тие и кога доаѓаат дома се однесуваат така со луѓето и нивните деца – даваат совети, подучуваат, држат лекции за правилно однесување, објаснуваат по 10 пати и се обидуваат да воведат авторитет, што понекогаш може и да излезе од контрола.

kako-razlichnite-profesii-mozhe-negativno-da-vlijaat-na-privatniot-zhivot-03.jpg

Сметководител

На сметководителите им е најчесто тешко да се префрлат од работа на личен живот – тие се секогаш сконцентрирани на работата со бројки и сè им е претворено во пресметки.

Тие се научени на педантност и секогаш прават сè по распоред. Внимателно го планираат семејниот буџет о секогаш сè мора да е под конец, што може на останатите членови во семејство понекогаш да им оди на нерви.

Адвокат

Професијата доликува за морални и стабилни луѓе, бидејќи адвокатите често се соочуваат со психолошки притисок.

Тие не смеат да зборуваат за проблемите, па ретко може да ви побараат совет или поддршка. Токму тоа може да доведе до ризик од депресија и анксиозност.

Работата на адвокатите бара од нив да мислат песимистички бидејќи мора да бидат подготвени и на најлошото можно сценарио, па често се соочуваат со проблеми во приватниот живот заради тоа.

kako-razlichnite-profesii-mozhe-negativno-da-vlijaat-na-privatniot-zhivot-04.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg