Важна лекција од Викторија Бекам: Како успеав во животот?

Кога пред десетина години се впушти во голема трансформација на имиџот и кариерата, односно започна со создавање на сопствен моден бренд, малкумина ја сфаќаа сериозно. Но, таа им докажа на сите скептици дека не смее да потценуваат нечија моќ на волјата.

vazhna-lekcija-od-viktorija-bekam-kako-uspeav-vo-zhivotot-1.png

Некогашната „Posh Spice“, како што се нарекуваше Викторија Бекам во периодот на најголема слава на групата Spice Girls, баш и не беше олицетворение на елеганција по мислење на модните критичари.

Во текот на првите години од музичката кариера, таа секогаш носеше црна и невпечатлива облека, како би го оправдала таквиот прекар.

vazhna-lekcija-od-viktorija-bekam-kako-uspeav-vo-zhivotot-2.jpg

После распадот на групата, пак, пејачката драстично го промени својот изглед и стил.

Со зголемените гради, вишокот екстензии и лажниот тен, стана предмет за потсмев на повеќето британски медиуми.

vazhna-lekcija-od-viktorija-bekam-kako-uspeav-vo-zhivotot-3.jpg

Викторија беше исклучиво „сопругата на Дејвид Бекам“. Меѓутоа, таквата титула едноставно не ѝ била доволна.

За себе посакувала нешто повеќе и подобро, без оглед на тоа што речиси никој не веруваше во неа.

vazhna-lekcija-od-viktorija-bekam-kako-uspeav-vo-zhivotot-4.jpg

„Морав да се пронајдам себеси и својата самодоверба во тој момент.“, призна ѕвездата неодамна.

Во есента 2008 година, по успешното лансирање на моден бренд со нејзиниот потпис, Викторија ја претстави првата колекција фустани на Модната недела во Њујорк. 

vazhna-lekcija-od-viktorija-bekam-kako-uspeav-vo-zhivotot-5.jpg

На општо изненадување на многумина, креациите наидоа на одобрување од страна на критичарите, кои ја пофалија носливоста на претставените фустани, кроевите што ѝ ласкаат на женската фигура, како и неутралната палета на бои.

Следуваше и промена на имиџот. Првин ги извади имплантите, а оскудната гардероба ја замени со елегантни парчиња облека.

vazhna-lekcija-od-viktorija-bekam-kako-uspeav-vo-zhivotot-6.jpg

„Сѐ на мене е природно, освен ноктите, малата помош околу фризурата и лажниот тен од Сен Тропе. Веќе ги нема моите „торпедо базука“ гради. Си отидоа.“, се пошегува Викторија во интервјуто за Vogue.

Со секоја следна колекција, таа стекнуваше нови поддржувачи, па за само десет години, се етаблираше себеси како ценето дизајнерско име.

vazhna-lekcija-od-viktorija-bekam-kako-uspeav-vo-zhivotot-7.png

Во склоп на брендот VB, разви пет различни модни линии, а сега се подготвува да го покори и светот на убавината. По плодната соработка со Estée Lauder, ќе издаде и козметичка колекција за нега на лице, како и нов парфем.

Нејзиниот успех беше награден и со важно признание во 2017 година, кога Бакингемската палата ѝ додели кралски орден за придонесот кон модата и хуманитарната работа.

vazhna-lekcija-od-viktorija-bekam-kako-uspeav-vo-zhivotot-10.jpg

Тоа беше остварување на детскиот сон за жената, која еднаш била љубопитно девојче што не се вклопувало во своето друштво:

„Бев амбициозна, ги почитував професорите и правилата. После школо, одев на часови по танц, пеење и глума. Во исто време, останатите врсници се криеја наоколу за да можат да пушат. Се правеа дека се кул, а јас не бев како нив. Средното училиште ми беше вистински пекол.  Ме гаѓаа на улица со што ќе стигнат, а јас само стоев. Сама. Немав пријатели.“

vazhna-lekcija-od-viktorija-bekam-kako-uspeav-vo-zhivotot-8.jpg

Викторија Бекам е доказ и дека талентот е само мал дел од успехот. Далеку поважен и пресуден е трудот што го вложувате за да ги остварите личните цели:

„Никогаш не бев природен талент за ништо. На крајот, сепак успеав, затоа што верував дека ако вредно работиш, можеш многу да постигнеш. Никогаш ништо не ми дошло само од себе. Никогаш не бев најпаметна, ниту најдобра во нешто. Затоа на своите деца секогаш им зборам дека мора да бидат вредни и да веруваат во себе. Така ќе го постигнат она што сакаат. Работете, бидете фокусирани, благодарни и навистина запнете. Ми велеа дека не сум способна за многу работи. Но, ако јас можев да успеам, можете и вие“.

Во кругот на семејството, ѕвездата во вторникот го прослави 44-иот роденден, а потоа со нејзиниот сопруг Дејвид, Викторија беше забележана на вечера во Санта Моника, облечена во розов аутфит.

vazhna-lekcija-od-viktorija-bekam-kako-uspeav-vo-zhivotot-9.jpg

vazhna-lekcija-od-viktorija-bekam-kako-uspeav-vo-zhivotot-003.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...
Искрени исповеди: По што ќе познаете лош шеф? „Редовно заглавување прекувремено и гледање на тоа како да е нешто нормално. Не,...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg