7 типови на ужасни шефови кои сите сме ги имале

Од шефови кои се во заблуда дека имаат право 24/7 да ви шефуваат до микро шефови што ќе ви посочуваат како да направите најпроста табела, затоа што нели тие секогаш „најдобро“ знаат.

7-tipovi-na-uzasni-shefovi-koi-site-sme-gi-imale-01.jpg

Дали и вашиот шеф е во заблуда дека е најпаметен, дека неговиот збор секогаш треба да биде последен дури и кога не е во право, дека ако ви дал плата комплетно ве купил како личност и располага и со вашето слободно време?

Дали се фаќа и за најбанални работи и јавно ве навредува пред колегите?

Типови на ужасни шефови кои сите сме ги имале во животот:

Микро шеф

Тој е тип на шеф кој сака да знае апсолутно сè што правите и сака да има контрола на секој аспект од вашата работа.

Ќе ви посочи дека сте заборавиле да ставите точка, а може да ви објасни и како „правилно“ да ги хефтате листовите хартија.

Шеф што „нема поим“

Прави да се запрашате како успеал да дојде на таа менаџерска позиција? Тој нема идеја што се случува во компанијата, само поставува некои неразумни таргети, предизвикува хаос и врши притисок врз сите.

7-tipovi-na-uzasni-shefovi-koi-site-sme-gi-imale-02.jpg

Непријатниот шеф

Тој нема филтер за зборовите што излегуваат од неговата уста, без разлика дали станува за некој официјален состанок или забава. Навредува, пцуе и ве понижува пред другите.

Емоционалниот шеф

Тој никако да ја научи вредноста на способноста за самоконтрола на емоциите. Неговите промени во расположение влијаат врз целиот тим.

Ако тој е нервозен, сите се нервозни. Вистинска емоционална бомба.

7-tipovi-na-uzasni-shefovi-koi-site-sme-gi-imale-03.jpg

Нападниот шеф

Да не беше на таква позиција досега ќе му стигнеа неколку жалби за сексуално вознемирување. Постојано дава непримерни коментари за изгледот на спротивниот пол.

Страшниот шеф

Тој без размислување ќе ве засрами пред целата компанија. Не води сметка што кажува и е во заблуда дека е најпаметен.

Шеф 24/7

Тој нема граници и не го почитува вашето слободно време. Ви се јавува попладне, за време на викенди, па дури и на годишни одмори. Наводно никој нема право на одмор од работа.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа „Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...

Најчитани неделава