10 фрази кои паметните луѓе никогаш не ги кажуваат на работа

Доколку сте паметни или барем сакате да звучите како такви, добро е да знаете дека понекогаш „молчењето е злато“.

10-frazi-koi-pametnite-lugje-nikogas-ne-gi-kazuvaat-na-rabota-01.jpg

Ова особено важи додека сте на работното место. Но, дури и надвор од него, најдобро е да внимавате што зборувате и како се искажувате пред другите луѓе, бидејќи непромислените реченици прават да изгледаат пред сè некултурно и невоспитано, и секако – не многу паметно.

Од кои фрази би требало да се воздржите, особено на работното место?

„Изгледаш многу уморно“

Ова е само уште еден „пријатен“ начин да му дадете до знаење на некој дека изгледа „за никаде“. Тој човек секако има огледало и се видел утрината во него. Зошто вие би сакале да бидете потсетник на неговиот надворешен изглед?

Впрочем, не знаете што му се случува на човекот и доколку тој сам не ви се довери и ви објасни кои се причините за неговиот умор, тоа не е ваша работа.

„Не можам“

На работното место оваа реченица е показател дека ви недостасува знаење, мотивација или и двете. „Ќе се обидам, но не ветувам ништо“ ја доловува истата слика за вас.

Зошто се ограничувате себеси, уште пред да почнете да ја работите задачата?

Паметна личност не би се откажала пред да се обиде. Паметната личност воедно ќе побара и помош доколку смета дека ѝ е потребна, само да ја заврши задачата успешно.

„Го дадов мојот најдобар совет“

Ова звучи прилично одбранбено, доколку советот не бил „на место“, а од друга страна доколу се покажал како успешен, од страна изгледа како да се фалите со вашите способности.

Не мора баш сите да знаат дека токму вие сте му го дале советот на колегата како да ја заврши побрзо работата.

Некогаш и вие ќе добиете некој добар совет, па нема да ви е пријатно целиот свет да дознае за тоа, нели?

„Дали некоја друга мамичка се чувствува вака?“

Да, вие сте мајка и тоа е одлична улога, треба да се гордеете со неа. Но, на работа не постои простор за употреба на вакви зборови, бидејќи на работа сте работник, не мамичка.

Потребата да пронајдете уште една „мамичка“ или „татичко“ и да се здружите со нив може да ја оставите после работното време, кога се дружите приватно.

„Тоа не е фер“

Кој возрасен, зрел и успешен човек ја кажува оваа реченица на цел глас? Секако дека некои работи не се фер. Животот не е фер.

Дали тоа значи дека треба да одите наоколу и да ја повторувате оваа реченица со цел да измамите сожалување или емпатија?

„Значи, сеедно ми е!“

Ова повеќе има врска со начинот и тонот на кој го изговарате. Доколку упорно го повишувате тонот сакајќи да им дадете до знаење на другите дека навистина не ве боли уво за работата, треба да се запрашате дали воопшто ја заслужувате функцијата која ви е доделена.

„Ама секогаш сме го правеле ова така“

Доколку некој се обидува да пренесе ова идеја или нов начин на работа кој изгледа поефикасен и подобар, нема потреба да му противречите, само затоа што се чувствувате малку загрозено.

Досега сте го правеле така, сега ќе го правите на нов начин. Наместо да се буните и да звучите неинтелигентно, поздравете ја идејата и охрабрете го остатокот од тимот да ја испроба со ентузијазам.

„Не е моја вина“

Слично како што велите дека „тоа не е фер“, и со оваа реченица посочувате дека вие не би можеле да погрешите или да сте виновно, што секако прави да изгледате незрело и дефанзивно.

Слично како и изјавата „тоа не е моја работа/мој проблем“ оддавате впечаток дека не сте тимски играч. Доколку има проблем на работното место, тогаш не се повлекувајте и се бранете.

Дури и кога проблемот не е настанат по ваша вина, ќе изгледате многу попаметно доколку се вложите во решавање на истиот.

„Имам едно глупаво прашање“

Зошто потенцирате „глупаво?“ Не постојат глупави прашања. Во обид да звучите паметно, всушност звучите прилично глупаво. Нема срам кога се поставуваат прашања на работа.

Не се потценувајте себеси и не започнувајте реченици од типот – „Ова ќе звучи глупаво, ама јас да си прашам…“ Имајте самодоверба и покажете ја достоинствено.

„Импакт, инпут, фидбек, Џи-ти-си…“

Да, многу фрази од англискиот јазик тивко си го пронајдоа местото во мајчиниот, па понекогаш ги употребуваме без да размислиме колку смешно звучиме. Некои сметаат дека така звучат попаметно.

Не, напротив. Не звучите глупаво доколку кажете јасно „Градски трговски центар“, наместо „Џи-ти-си“, или влијание наместо импакт.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg