Џорџо Армани е еден од најбогатите луѓе во модниот свет - како заработи 9 милијарди долари?
Тој внесе нови гледишта во модниот свет, направи империја и вели дека ќе работи додека е жив.

Легендарниот моден дизајнер Џорџо Армани (84) има богатство од 8.8 милијарди долари според Forbes и е еден од најбогатите луѓе во модниот свет.
Коосновачот и сопственик на модната куќа „Armani“ заработува и од парфеми, шминка, уредување на ентериер, недвижнини, ресторани и хотели.

Богатството го троши на низа луксузни домови низ светот од Италија до Јужна Франција и Карибите, а поседува и луксузна суперјахта од 65 метри.
Неговата животна приказна:
Роден е во италијанското гратче Пјаченца во 1934 година. Две години студирал медицина, пред да замине во војска.

-->
-->
Добил работа како уредник на излогот во бутикот „La Rinoscente“ и ова му било прв допир со модата.

-->
Брендот го основал во 1975, а светското внимание го заробил во 1980 година кога Ричард Гир го промовирал преку филмот „American Gigolo“.


И покрај смртта на партнерот, Армани продолжил да го шири бизнисот и отвори низа поткомпании меѓу кои и Emporio Armani.

„Јас бев првиот кој ја омекна сликата за мажот и ја зајакна сликата за жената“, изјави Армани во една пригода.

„Јас ги облеков мажите во женски материјали и го украдов од мажите тоа што го сакаат и им треба на жените – моќниот костим.“

Во 20015 го лансираше проектот Armani Hotels & Resorts и отвори луксузни хотели во Дубаи и Милано, Италија. Во 2016 хотелот во Дубаи беше прогласен за најлуксузен на свет.

Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија
На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...
-->
