Агресија и навреди, не признава саботи и недели - Како е да се работи за Илон Маск?

Кога целта е да се спаси човештвото од штетните автомобилски гасови и да се пронајде живот на друга планета, поединецот ја губи својата вредност.

Kako-e-da-se-raboti-za-Ilon-Mask-01.jpg

Ова е барем размислувањето на милијардерот Илон Маск, кој е подготвен да го уништи секој поединец вработен во „Тесла“ кој не ја дели неговата визија. Доколку вашите размислувања не се во согласност со интересите на „Тесла“, многу брзо ќе ги слушнете зборовите „Отпуштен си“.

Неодамна, „Бизнис Инсајдер“ објави серија интервјуа со неколку поранешни вработени во компанијата и луѓе кои имале секојдневна соработка со Маск.

Според нив, работата во „Тесла“ е проследена со огромна напнатост и страв дека секој работен ден може да ви биде токму последниот.

За Маск не постојат саботи и недели. Тој самиот очекува неговите инженери да бидат постојано достапни, макар и во 22 часот навечер во сабота со цел да ја испитаат производната линија.

За милијардерот, дури ниту раѓањето на дете не претставува доволно добар изговор на кратко да се извините од работниот состанок или пак да земете слободен ден.

Цинизмот и навредите се само дел од речникот на Маск и вработените сведочат дека тој е во состојба да го избрка и најталентираниот инженер во автомобилската индустрија, доколку се појави несогласување помеѓу нив кое траело помалку од 30 секунди.

Маск е целосно освоен од идејата за спасување на Земјата и не дозволува никој и ништо да му застане на патот. Според поранешните вработени, не постои менаџер во „Тесла“ кој може да му се спротивстави.

Доколку некогаш ја добиете можноста за интервју за работа во „Тесла“ или „СпејсЕкс“ потребно е да не носите никаков парфем на себе, затоа што Маск е особено чувствителен на мириси, а несоодветниот може да ве чини работна позиција.

За сите оние кои мислеле дека Илон Маск е кротка и разбрана личност која умее да комуницира спокојно и со почит, се излажале. За жал, се чини дека водечките луѓе на компаниите од ваков тип и обем доаѓаат во пакет со одредена агресија во себе, со оглед на сличните приказни кои сведочат за раководството на покојниот Стив Џобс.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
6-те тајни на успехот (кои секоја амбициозна личност ги знае) Кои се тајните на успешните луѓе? Правило број 1: Успешните луѓе не веруваат во ...
Шеф од Хрватска ангажирал приватен детектив да ја следи вработената дали навистина е на боледување Вработена во Хрватска побарала денови од одмор, шефот не ѝ одобрил. Земала болед...
Знаци дека сте „прегорени“ од работа и како да се справите со овој проблем Поставете граници и немојте да ги прескокнувате паузите за ручек – што да правит...
Српска компанија им даде неограничен број слободни денови на вработените - Добра идеја или промашува... „Веруваме дека добрите вработени создаваат задоволни клиенти, целта ни е да ги з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg