Знаци кои укажуваат дека сте жртва на психичко малтретирање на работното место
Со оглед на тоа што голем дел од денот поминувате на работа, важно е тоа да биде место каде ќе се чувствувате пријатно и прифатено.

Работното место не треба да ви биде застрашувачко, непријатно и да сакате едвај да си одите од канцеларија.
Работната околина треба да биде пријатна, атмосферата опуштена и приспособена за работа и напредување, да постои разбирање помеѓу колегите и секако, да бидете прифатени и мотивирани од надредените.
Но, ако односот со надредените е нарушен, тоа може да доведе до мобинг, односно психичко малтретирање на работно место, а многу често може да не сте свесни за тоа.
Следниве знаци укажуваат дека нешто не е во ред и дека сте жртва на мобинг:
Ви даваат лажна надеж за напредок, покачување на плата и слично, а не го исполнуваат ветувањето

Постојано ви се закануваат со отказ и ве омаловажуваат

Шефот „заборава“ да ве викне на состанок со останатите вработени

Ве одвојуваат од колегите и ви даваат незадоволителен простор за работа

Ги игнорираат вашите мислења и чувства

Ве обвинуваат само вас за тимски грешки и неуспеси

Ги откажуваат и одбиваат вашите проекти без објаснување

Продолжува на следната страна...
Би можело да ве интересира:
Техничарка за нокти од Србија: 10 работи што би сакала да ги знаев кога почнував со оваа работа
„Девојко, не учат сите техничарки за нокти со исто темпо. Престани да го спореду...
„Бев во канцелариите на Google во Лондон – има кантина на 2 ката и соба со капсули за спиење“ (видео...
„Штом во фирмата има теретана, соба за спиење и останати глупости, значи се рабо...
Лиора - Жената која гради мостови меѓу Израел и Македонија
На 66 години, кога многумина избираат да забават и да се повлечат од активниот ж...