Навики на милионерите кои сами го заработиле своето богатство

Имаат неколку извори на приход

Милионерите не се потпираат само на еден извор на приход. Во овој случај, изгледа дека магичниот број е три. Односно, тие имаат приходи од три различни места, и тоа уште пред да станат милионери.

Наоѓаат ментори

Менторите за успех имаат позитивно влијание врз животот. Тие можат да ви покажат што треба, а што не треба да правите, ќе ве советуваат и активно ќе учествуваат во вашиот успех.

naviki-na-milionerite-koi-sami-go-zaraobtile-svoeto-bogatstvo-06.јпг.jpg

Им помагаат на другите да успеат

Малку луѓе сфаќаат дека не можете да станете милионер ако сте сами. Кога им помагате на другите да успеат, вие се приближувате и до вашите цели.

Најдобро е да им помагате на оптимистични луѓе кои имаат слични размислувања со вашите, и којзнае, можеби ќе го најдете вашиот иден бизнис партнер.

Позитивни се

Долгорочниот успех е возможен само ако имате позитивен поглед кон светот.

Проблемот е што повеќето луѓе не се ни свесни за нивните негативни мисли, па не се обидуваат да се ослободат од нив.

Обрнувајте им повеќе внимание на вашите мисли и негативните заменете ги со позитивни.

naviki-na-milionerite-koi-sami-go-zaraobtile-svoeto-bogatstvo-07.jpg

Не ја следат толпата

Сите сакаме да се вклопиме негде, но ова не важи за милионерите.

Тие се одделуваат од топлата и ги следат нивните цели и вредности, а токму ова им помага да успеат.

Се однесуваат добро

Богатите луѓе имаат добри манири, без кои не би биле успешни.

Па обидете се да им се заблагодарите на оние кои ви помогнале, запомнете ги важните датуми како родендени и венчавки, облекувајте се соодветно, однесувајте се добро на маса…

naviki-na-milionerite-koi-sami-go-zaraobtile-svoeto-bogatstvo-08.jpg

Секој ден одвојуваат 15-тина минути за размислување

Размислувањето е клучно за вашиот успех. Милионерите го знаат ова и секој ден минуваат 15 минути, до половина час во самотија, само со нивните мисли.

Размислуваат за нивните идеи, но и за грешките од минатото и лекциите што ги научиле од нив.

Бараат туѓо мислење

Милионерите не се плашат да го слушнат туѓото мислење, дури и ако тоа е критика.

Всушност, токму критиките им помагаат да ги согледаат нивните грешки.

naviki-na-milionerite-koi-sami-go-zaraobtile-svoeto-bogatstvo-09.jpg

Никогаш не се откажуваат

Ова е можеби најважната одлика – милионерите се истрајни. Тие никогаш не се откажуваат од нивните соништа.

Тие се соочиле со бројни неуспеси пред да ја постигнат целта, но во ниту еден момент не се откажале.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg