Како да ѝ се вратите на работната рутина кога сегашната ситуацијата ќе се стабилизира?

Пандемијата промени многу работи во нашите животи, особено нашите рутини.

kako-da-i-se-vratite-na-rabotnata-rutina-otkako-kje-pomine-pandemijata-01.jpg

Голем број луѓе веќе некое време или работат од дома, или воопшто не се на работа, но со ублажувањето на мерките, ова постепено ќе се менува.

Кога подолг период ќе поминете дома, може да биде тешко да им се вратите на старите работни навики, без да страда вашата продуктивност.

Ако и вие спаѓате во оваа група луѓе, советите во продолжение ќе ви помогнат да ѝ се вратите на старата работна рутина без многу тешкотии:

Започнете го денот порано

Откако ќе почнете со редовно одење на работа, обидете се да станувате малку порано. Наутро оставете простор за појадок, но и некоја релаксирачка активност.

Само половина час јога, читање или нешто слично ќе ве подготви за претстојниот ден и многу полесно ќе се справите со стресот.

kako-da-i-se-vratite-na-rabotnata-rutina-otkako-kje-pomine-pandemijata-02.jpg

Направете план

Кога сакате да ја промените рутината, листите со обврски се едно од најмоќните оружја.

Наутро, откако ќе завршите со појадокот и релаксирањето, направете листа со дневните обврски. Најпрво завршете ги оние најтешките и кои одземаат најмногу време – на овој начин ќе се ослободите од притисокот и стресот подоцна во денот.

После само неколку денови со ова темпо, многу полесно ќе ги завршувате сите обврски од листата.

kako-da-i-se-vratite-na-rabotnata-rutina-otkako-kje-pomine-pandemijata-03.jpg

Уредете го работното биро

Бидејќи голем дел од денот ќе поминувате на работното биро, обидете се да го направите опкружувањето што е можно поудобно.

Покрај предметите потребни за работа, слободно ставете фотографија од саканите, инспиративен цитат, свежо цвеќе… Едноставно, направете го бирото пријатно катче за работа.

kako-da-i-se-vratite-na-rabotnata-rutina-otkako-kje-pomine-pandemijata-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате ка...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg