Грешки во говорот на телото кои прават да изгледате несигурно и непрофесионално на работа

Постојано сте намуртени, избегнувате гледање во очи и на работа се однесувате како да сте дома. Грешки во говорот на телото и во однесувањето поради кои изгледате непрофесионално.

greshki-vo-govorot-na-teloto-koi-pravat-da-izgledate-nesigurno-i-neprofesionalno-na-rabota-01.jpg

Говорот на телото е навистина важен. Кога некој првпат ве гледа, токму преку говорот на вашето тело донесува заклучоци за вас.

Кога сте со пријатели и блиски луѓе, генерално нема потреба да внимавате на ова. Но, кога сте на работа и во деловно опкружување, навистина е важно да изгледате професионално.

Осум грешки поради кои изгледате несигурно и непрофесионално на работа:

Постојано сте намуртени

Во текот на работниот ден, сосема нормално е почувствувате фрустрација, гнев и други негативни емоции.

Но, ако постојано сте намуртени, дури и кога само разговарате со колегите, нема да оставите добар впечаток.

Како да се подобрите?

Насмевката ви е најсилното оружје. Кога разговарате со колега, надреден, клиент или кого било, секогаш бидете насмеани и веднаш ќе забележите разлика во односот на другите кон вас.

greshki-vo-govorot-na-teloto-koi-pravat-da-izgledate-nesigurno-i-neprofesionalno-na-rabota-02_copy.jpg

Премногу гестикулирате со рацете

Претераното гестикулирање може да направи да изгледате несигурно.

Ист ефект имаат и движењата како допирање на лицето, играње со косата или облеката и слично.

Во формална околина, со ова можете да оставите лош впечаток.

Како да се подобрите?

Секогаш бидете свесни за движењето и положбата на вашите раце. На почетокот ова ќе ви биде напорно, но со текот на времето ќе се навикнете и ќе нема ни потреба да обрнувате внимание на ова.

greshki-vo-govorot-na-teloto-koi-pravat-da-izgledate-nesigurno-i-neprofesionalno-na-rabota-03_copy.jpg

Вашиот израз не го отсликува она што го кажувате

Ако кажувате нешто, а според вашиот израз изгледа како да не го мислите тоа, луѓето тешко дека ќе ви веруваат.

Ако, на пример, имате лидерска позиција и треба да им соопштите нешто важно на вработените, немојте да стоите подгрбавени. Со ова ќе изгледате несигурно и нема да ве сфатат сериозно.

Како да се подобрите?

Секогаш обрнувајте внимание на изразот на вашето лице – ако споделувате добри вести, насмевнете се. Ако кажувате нешто сериозно, покажете самоувереност.

greshki-vo-govorot-na-teloto-koi-pravat-da-izgledate-nesigurno-i-neprofesionalno-na-rabota-04_copy.jpg

Избегнувате гледање во очи

Уште една грешка што прави да изгледате несигурно.

Кога го гледате соговорникот во очи, му давате до знаење дека го слушате и го почитувате она што го кажува.

Ако постојано го избегнувате неговиот поглед, нема да бидете сфатени сериозно.

Како да се подобрите?

Ако ви е навистина проблематично да ги гледате другите во очи, фокусирајте се на дел од нивното лице во близина на очите, како помеѓу веѓите. Со текот на времето ќе го надминете стравот и без проблем ќе ги гледате и во очи.

greshki-vo-govorot-na-teloto-koi-pravat-da-izgledate-nesigurno-i-neprofesionalno-na-rabota-05_copy.jpg

Уште пет грешки на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg