20 знаци дека сте „прегорени“ од работа

На сите ни се случува по некој лош и по некој тежок ден на работа, но како да откриете кога незадоволството ја надминува границата на нормалното?

20-znaci-deka-ste-pregoreni-od-rabota-2-001.jpg

Обично, кога луѓето се прегорени од работа, заеднички им се овие 20 карактеристики:

1. Го местат аларамот порано отколку што треба да станат, затоа што знаат дека ќе го одложуваат неколкупати.

2. Изморени се по завршувањето на работното време и немаат желба за ништо друго.

3. Немаат точно време во кое легнуваат и се будат.

4. Чувствуваат ослободување, односно пуштање од ланецот, кога ќе дојде петок.

5. Кога ќе ги прашаат како им е на работа, одговараат со „добро.“

6. Колегите константно ги прашуваат дали се добри.

7. Одбиваат да се дружат со колегите.

8. Живеат навечер, а преку ден само преживуваат.

9. Го мразат секој понеделник.

10. Фантазираат како даваат отказ.

20-znaci-deka-ste-pregoreni-od-rabota-01.jpg

11. Одбиваат подетално да зборуваат за работата.

12. Не ги почитуваат колегите и клиентите со кои работат.

13. Не можат да се сетат кога последен пат постигнале нешто добро.

14. Константно се под стрес.

15. Ретко чувствуваат напредок, односно се чувствуваат заглавени во место.

16. Цинични се и саркастични кога некој ќе им побара помош.

17. Често избувнуваат.

18. Претеруваат со жалби и поплаки на партнерот.

19. Го одложуваат барањето на нова работа.

20. Чувствуваат како колегите не ги прифаќаат и не им се обраќаат за тимски проекти.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
10 бон-тон грешки заради кои не напредувате во кариерата, низ илустрации Не ги критикувајте и не ги озборувајте колегите, внимавајте како комуницирате......
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Грешки на интервју за работа поради кои сигурно ќе ве одбијат Немате никакви познавања од технологија и не ги запишувате најважните работи што...
4 знаци дека работното место негативно ви влијае на менталното здравје, низ илустрации Во недела не можете да се одморите затоа што следниот ден е понеделник, од секој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg