Работа под притисок, лидерски сопобности - кои беа најбраните лични вештини на пазарот за труд во 2022 година?

Добра организација на времето, адаптирање на промени и креативност - кои се другите работни вештини кои беа најбарани во 2022 година?

multitasking-dinamicnost-rabota-pod-pritisok-koi-vestini-se-najbarani-vo-2022-godina-001.jpg

Почнавте да го пишувате вашето резиме и сакате да конкурирате на пазарот на труд? Вашето резиме е при крај, освен делот за личните вештини, кој константно се менува согласно огласот за работа што го гледате.

Овде повеќето луѓе настојуваат да ги внесат оние клише вештини кои сите ги пишуваат, а ретко кој искрено ги поседува.

Па така, најчесто ги среќаваме вештините како комуникација, динамичност и мултитаскинг (што е нешто што е модерно, а всушност предизвикува само стрес и поповршна исполнетост). 

Кои се вештините кои беа најбарани на пазарот за труд во 2022 година и на кои треба да се фокусирате?

1. Менаџмент на време и справување со стрес - поставување приоритети, добра организација и планирање, поставување краткорочни и долгорочни цели. На оваа тема, убаво е да си имате соодветен бележник за постојан личен и професионален развој.

2. Комуникација (вербална и невербална), отвореност и транспарентност, можност за соодветна презентација на производ, компанија, проект, конструктивен фидбек и активно слушање.

3. Способност за адаптирање – која укажува на тоа колку сте склони на промени и како се носите со истите. Ова подразбира нови колеги, испраќање на старите, работи што се купуваат, менуваат со тек на време и слично. Оваа одлика е особено важна доколку работите во оддел за човечки ресурски и финансии.

4. Лично менаџирање – или „снајди се сам” вештината која работодавците ја обожаваат. Нивниот кадар е пожелно да биде независен, самоуверен и отворен за соработка. Смирени оптимисти со лична мотивација и идеи.

мultitasking-dinamicnost-rabota-pod-pritisok-koi-vestini-se-najbarani-vo-2022-02.jpg

5. Решавање проблеми – со аналитички пристап до решенија. Сè повеќе се бараат и луѓе со високо ниво на емоционална интелигенција и способност. 

6. Тимска работа – една од клучните алатки за работа во голема фирма. Справување со конфликтни ситуации, координација и идеи, медијација и слично.

7. Креативност – секоја работа има своја креативна нишка. Желба за експериментирање, имагинација, мапирање иновативни решенија кои ќе доведат до раст и развој на компанијата. 

8. Лидерски способности – можност да водите, тренирате или да менаџирате одредена активност. Луѓето со лидерски способности се склони да развијат менаџерски позиции и раст во фирмите. 

мultitasking-dinamicnost-rabota-pod-pritisok-koi-vestini-se-najbarani-vo-2022-03.jpg

9. Добри лични карактеристики – во оваа категорија спаѓаат толеранција, дипломатски однос, емпатија, смисла за хумор.

10. Работна етика - навременост во извршување на обврските, исполнителност и професионалност, соодветен кодекс на изразување и облекување.

11. Работа под притисок – ова индиректно посочува дека вашиот работодавец ви нуди работи со рокови, но и стресна работна околина. Бидете внимателни доколку се дефинирате себеси за човек со ваква способност.

Делот со личните и професионални вештини треба да ве отсликува вас и вашата реална слика.

Бидете искрени во описот и покажете го најдоброто од себе.

М.У.Т. | Црнобело

фото: freepik.com

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg