„Ние не сме семејство, ние сме тим" - Разлики кога работиш во македонска и странска фирма

Бонусот во странските компании во никој случај не е 13-тата плата (или к-15) како што знаат некои фирми кај нас да го промовираат. Тоа е законска обврска на секоја фирма кај нас. Исто така, странскиот пазар инвестира со обуки во своите вработени и не се плаши дека на тој начин ќе ги изгуби работниците откако ќе им даде знаење.

nie-ne-sme-semejstvo-nie-sme-tim-razliki-koga-rabotis-vo-makedonska-i-stranska-kompanija-01.jpg

Секој работи за да заработи. На крајот од денот, вашата сатисфакција е нов прилив на сметка.

Но, што кога трансферот од македонска компанија ќе ве натера да видите што се нуди во оние интернационални огласи кои сè повеќе ги има во изобилство?

И кои се предностите и мааните кои ги има во едните и во другите? Би било најдобро кога би нашле некој баланс. 

Разлики помеѓу работа во македонска и странска компанија: 

Ние не сме семејство - ние сме тим

Во странските фирми нема блиски односи со колегите, она што е важно е почит, соработка, компромис и тимска работа.

Никого не го интересира твојот приватен живот, како го поминуваш слободното време и не мора да се правдаш зошто земаш ден од одмор баш во вторник.

Работно време

Клизното работно време не е својствено за македонските фирми каде газдата најчесто мисли дека сме роботи кои за 8 часа треба да направат чуда и да го исклучат останатиот свет од животот. Секако, и помеѓу нашите компании има исклучоци за пофалба. 

Кога работиш во странска компанија, никој не е заинтересиран да провери дали денес си дошол во 8 часот (секако со исклучоци зависно компанијата), бидејќи сè што го интересира е дали си ја завршил работата, па така флексибилноста стана основа за работење која малку од малку ти го олеснува работниот ден кој и вака и онака ќе помине.

Секако, понекогаш може и ќе се заборавиш од работа и ќе видиш дека денот поминал, но сепак си имал и време за себе - да отидеш на фризер, да платиш сметки или да испазариш за дома во текот на нормалното работно време.

Nie-ne-sme-semejstvo-nie-sme-tim-razliki-koga-rabotis-vo-makedonska-i-stranska-kompanija-02.jpg

Капиталот игра главна улога

Инвестициите што ги носат странците во Македонија се најчесто побарувачката на евтина работна сила, нешто што е многу познато во целиот свет и поради кои миграцијата е сè поголема.

Па така, странските фирми нема да ви го пресметаат минатиот труд во тековната плата, ниту пак ќе ви ги ускратат придонесите кои во македонските фирми се нудат како бенефит во огласите за работа. 

Бонуси

Бонусите се нешто што се воведе како тренд наменат од странскиот пазар, а сè повеќе ќе го видите и кај македонските фирми.

Нормално, бонусот не треба да ви биде цела плата, но доволно е што дава мотивација за повеќе напредок.

Бонусот во никој случај не е 13-тата плата (или к-15) како што знаат фирмите да го промовираат. Тоа е законска обврска на секоја фирма кај нас.

Nie-ne-sme-semejstvo-nie-sme-tim-razliki-koga-rabotis-vo-makedonska-i-stranska-kompanija-03.jpg

Едукација и усовршување

Странскиот пазар инвестира во своите вработени и не се плаши дека на тој начин ќе ги изгуби работниците откако ќе им даде знаење.

Напротив, тоа е придобивка плус за секој човек што сака да гради кариера. Македонските фирми најчесто на оваа ставка не губат време бидејќи на неа гледаат само како трошок.

Затоа, не е ни чудо што на интервјуата за работа се сè почести прашањата - „A. што нуди вашата компанија?“.

7 работи кои младите во Македонија ги бараат од компаниите – со што може да се мотивираат вработените?

Модерно опремени канцеларии

Секој сака да се чувствува пријатно и удобно на местото каде што го поминува поголемиот дел од денот, па не е ни чудо што странските фирми инвестираат во својот ентериер и се обидуваат да направат што поатрактивна атмосфера за вработените.

Nie-ne-sme-semejstvo-nie-sme-tim-razliki-koga-rabotis-vo-makedonska-i-stranska-kompanija-04.jpg

Содржината и ставовите изразени во авторските текстови и колумни претставуваат лични ставови на авторот и не мора нужно да ги одразуваат ставовите на редакцијата на порталот CRNOBELO.com

©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.

М. У. Т. | Црнобело

фото: freepik.com / pexels.com

Би можело да ве интересира:

„Дадов отказ за да ја работам работата од соништата и сега немам за сметки - дали сум лоша мајка?“ „Мене мојата работа ми ја грее душата, но имаме деца, кредит за стан, одговорнос...
Секс и врска со колега од работа – Кои се позитивните, а кои негативните страни? Еден ден, ако останете со скршено срце, тоа не смее да влијае врз вашето работењ...
Фрустрирани сте и не ви се работи, а отказот не е најдоброто решение? Совети како да бидете посреќни... Ако не сте задоволни со вашата работа, но не сте во позиција да си дадете отказ,...
Како најлесно да се справите со нарцисоидни шефови и колеги? Не ги игнорирајте. Восхитувајте се на тоа колку добро изгледаат или, пак, барем ...
Совети за вработени мајки: Како да направите баланс за да не „прегорите“? Немојте да чувствувате вина кога одите на работа и го оставате детето и задолжит...
Како да се справите со љубомората кон колегите на работа? Понекогаш, сè што треба е да погледнете на работите од поинаков агол. Наместо да...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg