Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Кој секс е најдобар?

koj-seks-e-najdobar-povekjeНе секогаш се доживува врвен секс. Зборуваме за секс кој ги вознемирува сите ваши сетила и кој се памти долго. Сексот е забавен без оглед на...


...тоа дали сакате мисионерска позиција или останати од Кама Сутра.

Што спаѓа во категоријата најдобар секс:

koj-seks-e-najdobar-1

1. Секс со тензија. Овој секс се состои од фантазија. Веќе долго го чекате, а не можете да дојдете до него. Му претходат случајни допири, бакнежи во образите, ракувања...а, сето ова дополнително ве возбудува. Сексуалната напнатост е толкава што можете да ја сечете со нож. Бидејќи не знаете дали некогаш ќе се случи, тензијата расте и кога ќе дојде до чинот – вие сте на седмо небо.

koj-seks-e-najdobar-2

2. Секс зачинет со „безобразни, валкани“ зборови. Овој секс започнува вербално. Веројатно седите еден покрај друг во јавност и сè што можете да направите е да разменувате жешки валкани мисли. Напнатоста расте до небо, а едвај чекате да побегнете во некоја соба. Кога конечно ќе се случи, започнува секс позачинет од зборовите кои сте си ги размениле.

koj-seks-e-najdobar-3

3. Секс со пријател. На забава се напивте малку повеќе, а пријателот/пријателката кој/а го/ја познавате речиси цел живот ви станува страшно привлечен. Не сте сигурни дали чувството е обострано. Свесни сте дека ова не е најпаметно, но, сепак, не можете да одолеете. Со брзина на светлината барате соба каде ќе можете да се препуштите на страстите.

koj-seks-e-najdobar-4

4. Секс на јавно место. И овде за чувството на најдобар секс, одговорна е напнатоста која настанува затоа што во секој момент може да ве начека некој на сред акција. Вие двајца, снажна страст, прилепени тела и само еден мал дел од мозокот кој е свесен дека во секој момент може некој да наиде.

koj-seks-e-najdobar-5

5. Страствен љубовен секс. Овој секс е меѓу двајца кои веќе подолго се заедно и добро се познаваат. Одржуваат страст и нивниот сексуален чин е речиси едно духовно искуство. Знаат каде, кога и како треба да се допираат и бакнуваат и со каков интензитет да водат љубов. Овој секс може да се случи само онаму каде има вистинска хемија.

Кој е вашиот омилен тип на секс?

Би можело да ве интересира:

6 знаци дека сте во здрава врска исполнета со љубов Не сте љубоморни ако партнерот отиде на патување без вас и покажувате разбирање ...
7 фрази што ќе ги слушнете само од маж кој не ве почитува Ако партнерот или кој било маж ве наведи или деградира, а потоа рече дека само с...
8 знаци дека партнерот планира да ве напушти (и има план Б) Одеднаш почнува да ви зборува за луѓе чии имиња ги слушате првпат. Постојано спо...
8 работи што емоционално интелигентните луѓе не му ги прават на партнерот Не ги банализираат проблемите на партнерот и не избегнуваат одговорност кога ќе ...
3 причини зошто некои жени се „магнет“ за лоши мажи и нарциси Ако забележувате дека постојано ве привлекуваат и завршувате во врска со ист тип...
5 знаци дека сте направиле грешка со вселувањето со партнерот (и не сте компатибилни за брак) Партнерот не ја почитува вашата приватност и воопшто не се ангажира околу домашн...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg