Депресивните личности се пронаоѓаат и стапуваат во депресивен брак, со став „ние против светот“ - Но, кој е проблемот?

Кога ќе се сретнат две депресивни личности, кои негативно гледаат на сè, тие добиваат чувство дека конечно „некој навистина ги разбира“ и често стапуваат во брак. Но, потоа следуваат проблемите... Особено кога ќе дојдат деца во бракот.

shto-e-depresiven-brak-i-kakov-tip-na-lichnosti-se-del-od-nego-01_copy.jpg

Кога ќе се сретнат две личности со негативен светоглед, кај нив се создава чувство дека некој ги разбира и тие често се поврзуваат и стапуваат во брак.

Редок е случајот депресивна личност да се поврзе со некоја личност што генерално е оптимист. Тогаш не би се појавило она чувство дека „некој навистина ги разбира“.

Повеќето вакви парови кои стапуваат во „депресивен брак“ имаат доживеано депресивни епизоди уште од адолесценцијата или порано.

Во некои случаи, депресијата кај нив се манифестира и како хронична болка (болки во грбот, синдром на иритабилни црева, мигрени) кај еден или двајцата партнери.

Иако негативниот светоглед најчесто постои уште пред да започнат семејство, првата конкретна епизода на депресија во бракот може да биде по породувањето, односно тригер да биде стресот од обврските околу детето, или, пак, да биде поврзана со некој друг специфичен стресен настан, како загуба на работа или смрт на блиска личност.

Кога ќе се сретнат две личности со негативен светоглед, често чувствуваат некаква познатост. Тоа е чувството на „враќање дома“ што луѓето го доживуваат кога ќе се сретнат со некој на иста бранова должина.

Често кај овие парови се развива став „ние против сите“, каде што семејството, пријателите, колегите и слично се гледаат како луѓе кои сакаат да им наштетат.

Често, паровите во депресивен брак се поврзуваат преку својата сомничавост кон другите и своите предвидувања дека ништо нема да оди по планот.

Често, двајца депресивни партнери имаат проблематични односи со своите родители и со родителите на партнерот. Работите никогаш не изгледаат „лесни“ за луѓето со депресија.

На почетокот, врската на овие луѓе им изгледа како единственото светло во мрачниот тунел.

Партнерите се разбираат и се поддржуваат еден со друг на начин на кој никој друг не ги разбрал дотогаш и се чувствуваат како спасители еден на друг.

Но, со текот на времето, врската почнува да се симнува од пиедесталот и станува уште една причина за незадоволство.

Разочарувањата се чести во бракот, а луѓето со депресија често немаат внатрешна сила да закрепнат од нив.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...

Најчитани неделава