Проблеми во врски: Не кажувате доволно.

nekazuvatedovolno_small.jpgПостојат некои грешки во комуникацијата помеѓу партнерите кои воопшто не се крупни ни воочливи, но цело време доведуваат до натрупување на незадоволство и до тоа партнерите да се чувствуваат помалку поврзани, меѓусебно да се оддалечат, стекнат впечаток дека оној другиот не ги слуша и не ги разбира.

Една од тие грешки е кога не кажувате доволно.

На што се мисли? Откако ќе поминете извесно време во некоја врска, почнувате да мислите дека вие двајца доволно добро се разбирате. Во поголем број случаи тоа е точно, само што може да доведе до тоа да на саканата личност не и соопштите некои детали, подразбирајќи дека таа ќе ги знае. Понекогаш и ќе ги знае, но неретко нема да ги знае и ете недоразбирање.

nekazuvatedovolno.jpg

Конкретен пример? И велите на саканата личност дека би сакале со неа да одите на вечера со пријателите следната сабота. Не и кажувате точно време, ниту каде би била вечерата ниту пак кој се ќе дојде. А тогаш на крајот од неделата кога ќе ја потсетите на тоа таа збунето ве гледа во смисол: „Вечера? Каква вечера?“, вас тоа силно ќе ве нервира, па и кажавте нели!

Да и кажавте, но без конкретни детали, само и споменавте дека би сакале. Така што, таа всушност и не знае дека сето тоа е договорено и организирано, за неа тоа останало само како ваша идеја за нешто што е убаво да се направи.

Затоа, кога на саканата личност и соопштувате важни работи, кажете и ги сите детали онака како што би му ги соопштиле на некој пријател со кој нешто се договарате. А кога саканата личност ви зборува нешто, прашајте за сте детали кои ви се чинат важни, немојте да подразбирате ништо.

Би можело да ве интересира:

„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
„Ја сретнав девојката од моите соништа, но издржувам само 30 секунди водење љубов со неа - што да на... Темата за предвремена ејакулација не е многу дискутирана меѓу мажите и нивните д...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...
Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите Ниту еден брак не е совршен, без разлика колку убаво изгледаат фотографиите, кол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg