А што ако наиде некој подобар?

podobar_small.jpgПрашањето од насловот си го поставуваат голем број луѓе, и мажи и жени кои се во врска. Да убаво им е во врската, нема некои големи несогласувања, но што ако „негде таму“ има некој што е подобар? Или дури не е ни неопходно да е подобар, туку само поинаков, а вие би сакале и тоа да го пробате? Таквата дилема неретко доведува до раскинување...

Можно е да ви делува дека прашањето од насловот може да го постави само незрела личност. Ако е така, не сте далеку од вистината. Навистина е незрело да ја прекинете врската во која ви е добро, само за да можете уште малку да „пипкате, штипкате и пробувате“. Да најдете нешто „помладо и послатко“ или што и да е што ќе ви биде по воља.podobar.jpg

Навистина е незрело, но незрелоста не е грев сам по себе. Не се раѓаме зрели, ниту пак постои точно одредена брзина со која сите мораме да созрееме. А да се прекине врска во која сте кога ќе увидите дека не сте расположени за нешто сериозно, туку дека сте расположени да испробувате, некогаш е сепак подобро и пофер отколку со сила да останете во врска во која повеќе не сакате да бидете и да ја лажете таа прекрасна личност која е со вас дека неизмерно ја сакате, или да останете во врска со таа личност и да ја мамите со секого што радозналоста ќе ве привлече.

„А што ако наиде некој подобар“ е фаза низ која минуваат голем број луѓе. Не сите, но многумина, па кога е веќе така, подобро е себе си да си признаеме дека сме во таква фаза и да се однесуваме согласно со тоа отколку да се лажеме себеси и другите и на крајот да ја повредиме личноста која е со нас уверувајќи ја дека ја сакаме колку и таа нас и да ја држиме како златна резерва така што не и дозволуваме да си најде некој друг - некој кој ќе биде способен навистина да и ја возврати љубовта.

Би можело да ве интересира:

9 (добри) навики на мажите кои без проблем освојуваат жени Вистинскиот маж знае да ѝ каже на жената: „Те разбирам, и јас би се чувствувал т...
„Мојата партнерка заработува повеќе од мене, сака скапи вечери – исфрустриран сум“ „Двајцата работиме во банка, но таа заработува многу повеќе.  А има само 32...
„Си фатив 15 години помлад дечко - очекував експлозија од возбуда, но чинот ме разочара“ „Тој се бореше да ја одржи ерекцијата, а јас се чувствував засрамено, прашувајќи...
Зошто не е воопшто лошо да се биде сингл? Вкусот на неограничената слобода. Не треба да се консултираш, преговараш или убе...
8 докази дека сте сопруг за медал (дури и ако сопругата не ви го доделила) Kои се знаците дека сте одличен сопруг? Број 1: Слушате вистински... Не ја преки...
11 (изненадувачки) причини зошто некои жени избираат развод, наместо да останат во брак Жените ги иритира кога сопругот „заборава“ или намерно прави нешта лошо за да из...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg