Српски психолог е хит на Инстаграм - објасни зошто балканските мажи не се разведуваат од сопругите

Колкави се шансите мажот да се разведе од сопругата за да биде со љубовницата? „Полесно му е да остане во брак и да има љубовница. Ако нејќеш ти, ќе биде некоја друга“ - Ова е дел од одговорот што српски психолог ѝ го даде на една анонимна жена.

srpski-psiholog-hit-na-instagram-otkako-objasni-zoshto-balkanskite-mazhi-ne-se-razveduvaat-od-soprugite-01_copy.jpg

Постојат голем број жени кои го стекнале статусот „љубовница“ во животот на нечиј сопруг, но и покрај тоа што се заедно со години, тој не сака да се разведе и да го продолжи животот со другата жена. Зошто е тоа така?

Србинката Слаѓана Трикиќ е експерт за врски која на својот Инстаграм профил споделува совети за парови, а особено внимание привлече прашањето што до неа го упатила една читателка и одговорот што таа ѝ го даде.

„Јас сум му љубовница повеќе од 5 години. Тој ме сака, внимателен е, го наоѓа секој можен начин за да бидеме заедно...

Зошто едноставно не се разведе од сопругата?“ – прашува оваа анонимка жена.

Психологот, пак, издвои 4 главни причини заради кои, според неа балканските мажи одбиваат да се разведат и да бидат со љубовниците.

Кои се тие?

Децата

Според психологот, мажот се плаши дека нема да може да ги гледа своите деца и дека ќе ги влоши односите со нив.

„Тој се плаши дека бившата сопруга ќе ги сврти децата против него. Исто така може да постои страв дека нов маж во животот на неговата сопруга може да го заземе неговото место“ – вели таа.

srpski-psiholog-hit-na-instagram-otkako-objasni-zoshto-balkanskite-mazhi-ne-se-razveduvaat-od-soprugite-05.jpg

Поделба на имотот

Втората причина, според психологот, се имотните прашања и тоа што мажот не сака да се откаже од парите и имотот за кои напорно работел целиот свој живот.

srpski-psiholog-hit-na-instagram-otkako-objasni-zoshto-balkanskite-mazhi-ne-se-razveduvaat-od-soprugite-03.jpg

Желбата за промена е помала од желбата да се остане во зоната на комфорот

„Разводот со себе би повлекол толку многу промени во неговиот живот и тој едноставно не го сака тоа.

Целиот живот би му се превртел.

Полесно му е да остане во брак и да има љубовница. Ако нејќеш ти, ќе биде некоја друга“ – пишува психологот.

srpski-psiholog-hit-na-instagram-otkako-objasni-zoshto-balkanskite-mazhi-ne-se-razveduvaat-od-soprugite-04.jpg

Одржување на угледот во општеството

Како четврта причина се наведува тоа што на мажите често им е важен угледот, мислењето на семејството, пријателите и работните партнери, па заради тоа мора да го одржи бракот за да ја одржи сликата на морална и одговорна личност.

„Заклучокот е дека шансите се многу мали дека мажот ќе се разведе заради љубовницата, па најдобро е да се заврши тој однос“ – порачува психологот.

srpski-psiholog-hit-na-instagram-otkako-objasni-zoshto-balkanskite-mazhi-ne-se-razveduvaat-od-soprugite-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислев дека отворениот брак е супер идеја, но сопругот се вљуби во неговата љубовница“ „Мислев дека луѓето можат да бидат вљубени во една личност, а да спијат со друга...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Маж ми ме изнервира и си земав пауза од бракот“ „Само му реков: ‘Ми треба пауза од тебе. Инаку не сакам да бидам доведена во сит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg