Што сакаат мажите, а кријат?

shto-sakaat-mazite-a-krijat-povekjeАко сте во долга врска најверојатно мислите дека знаете се за својот партнер, а посебно кога е сексот во прашање. Но, дали е навистина така?

 

Без оглед на тоа колку добра комуникација имате со вашиот партнер, секогаш постојат работи кои мажите не сакаат да им ги кажат на своите партнерки. Тоа најчесто се тајни кои генерално може да се поделат на физички и емотивни.

Па што е тоа што мажите го сакаат, но се плашат да зборуваат за тоа?

shto-sakaat-mazite-a-krijat

1. Квалитетен разговор после секс
Можеби ова ве изненадува бидејќи општо е раширено верувањето дека мажите после секс не сакаат да се галат, туку сакаат само да заспијат. Вистината е сосема спротивна.

Мажите не само што после секс сакаат да се галат, тие сакаат и квалитетен разговор. Тоа може да биде разговор на тема секс или некоја сосема друга тема. Ако сакате да му кажете колку ви е убаво со него, разговорот после сексот е вистинскиот момент за тоа.

2. Искреност
Верувале или не, но некои жени одбиваат да им кажат на своите партнери кога имаат месечен циклус и дали имаат некаква сексуално пренослива болест. Ова се навистина сериозни работи за кои е неопходна искреност.

Пред да се впуштите во сексуални односи со некого морате да бидете искрени и да му кажете дали имате некоја сексуално пренослива болест или пак ви се „оние“ денови во месецот. Мажите сакаат искреност на оваа тема.

3. Смисла за хумор
Напнатоста во сексуалните односи не е ретка појава, а посебно кога сакате се да биде совршено. Вистински начин да се разбие напнатоста е хуморот. Жените кои имаат смисла за хумор се секогаш привлечни.

Понекогаш можете да се насмеете и на сопствената напнатост и збунетост. Впрочем и научно е докажано дека смеата го подобрува сексот.

4. Спонтаност
Мажите исклучително се возбудуваат на жени кои се подготвени за спонтан секс. Тоа се оние ситуации кога едноставно ќе ве понесе моемнтот, а вие ќе се препуштите без сите претходни подготовки како туширање, депилација, шминка и слично.

Па што ако претходно не сте средени? Него многу повеќе го возбудува спонтаноста, а останатите детали нема ни да ги забележи.

5. Игри
Немојте да бидете премногу сериозни, а посебно не во кревет. Мажите сакаат игри, а посебно кога ги иницира нивната партнерка. Па затоа селдниот пат кога ќе ви предложи да бидете докторка, а тој ваш пациент, не го одбивајте велејќи му дека е первезен.

Едноставно опуштете се и обидете се да уживате, можеби ќе се изненадите колку пријатно искуство ќе биде тоа за вас.

6. Секс наутро
Бидејќи наутро секогаш брзаме да се подготвиме, сексот наутро е неостварена фантазија за повеќето мажи. Општо е познато дека мажите рано наутро имаат ерекција, па би било навистина убаво кога нивната партнерка би решила да ја искористи утринската ерекција за заедничко уживање.

Затоа понекогаш обидете се да се разбудите порано и да го започнете денот со обострано уживање.

7. Масажа
Мажите сакаат масажа на вратот, рамењата и грбот. После напорен работен ден секој маж сака да се опушти. Па затоа понекогаш почестете го со масажа пред спиење.

Масажата може да биде навистина заводлива предигра и одлична увертира за добар секс.

 

Би можело да ве интересира:

Либидо диета: Што да јадете за подобар сексуален живот (според нутриционист)? Еден од најпопуларните начини на исхрана во моментов во Британија е таканаречена...
Како да го толкуваме јазикот на емоциите? Уште од периодот на просветителството, нашата култура силно го поддржуваше ставо...
Маж (48) со исповед: „Партнерката е сексуално поискусна од мене – се плашам дека сум ѝ здодевен“ „Бившата сопруга не беше заинтересирана за секс, а таа е единствената жена со ко...
Исповед на зависник од секс: „Ја изневерив сопругата со 300 жени уште пред да се венчаме“ (18+) „И покрај неверствата, имав секс и со сопругата скоро секој ден. Неретко бев мно...
„Го изневерувам дечкото секогаш кога одам на одмор, во странство важат други правила“ Жена од Англија смета дека е во ред да го изневерува партнерот кога е на одмор, ...
Навики со кои несвесно си ја уништувате врската, низ илустрации Го критикувате партнерот за секоја ситница и си давате слобода да одлучувате за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg