Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Зошто жените изневеруваат?

zosto-zenite-izneveruvaat-povekjeЧесто се вели дека мажите изневеруваат поради секс, а жените поради љубов. Воопштено, мажите многу лесно можат да го одвојат сексот од емоциите...

 

...додека пак жените во главно мораат да почувствуваат некаква емоционална врска со некого за да посакаат секс со таа личност.

zosto-zenite-izneveruvaat

Всушност, според најнови истражувања мажите кои ги изневериле своите жени или девојки, најчесто немале намера да ја раскинат врската во која што се при што најчесто се опишуваат себеси како среќно оженети и задоволни со својот сексуален живот.

Од нивна гледна точка, изневерувањето не е ништо повеќе од користење на шанса во погрешно време и на погрешно место бидејќи нагонот е тој кој ги ‘тера’ мажите на неверство, а не разумот.

Впрочем, поголеми се шансите парот да остане заедно кога мажот ќе изневери, отколку кога жената ќе го направи тоа. Ова е пред сè затоа што во нашето општетство сè уште постојат дупли стандарди – “мажите едноставно се такви” додека пак за жените скоро и да не постои толеранција.

Иако, во главно жените изнверуваат поради емоции, сепак постојат жени кои размислуваат како мажите кога станува збор за секс, но сепак откако веќе се сигурни дека врската во која што се е завршена.

Овие знаци, најточно можат да ви кажат дали ве изневерува или не:

  • Повеќе не ја интересира каде сте и кога се враќате
  • Се дотерува за работа, но не ја интересира дали вие ја сметате за привлечна
  • Повеќе и не е толку заинтересирана за секс со вас
  • Го менува распоредот и поминува повеќе време на работа
  • Секогаш изгледа среќно, освен кога сте во нејзина близина
  • Помалку е толерантна кон вашето семејство и пријатели
  • Ги игнорира нерешените проблеми во врската

Иако не постојат многу истражуавња за женското неверство, сепак може да се заклучи дека станува се почесто, а особено помеѓу жените кои имаат сосптвена кариера или се финансиски независни.Втора причина е интернетот. Можеби малку чудно ви звучи, но сепак појавувањето на бившиот на Фејсбук, додавање на нови непознати машки пријатели, можат да ја стават жената во искушение. 

Мислите дека вашата девојка никогаш нема да ве изневери? Размислете повторно. Кога мажите ќе се налутат за нешто, викаат и пцујат на сите страни, додека пак жените најчесто молчат и го собираат тоа во себе, па дури и нема да бидете свесни за тоа сè додека не биде предоцна.

Би можело да ве интересира:

Вистина или мит: Дали кондомот влијае врз изджрливоста и задоволството на мажите? (18+) Постои верување дека користењето презервативи има влијание врз издржливоста, но ...
15 токсични работи кои ги правите во бракот (и се терор за вашиот партнер) Му превртувате со очи. Покажувате чувство на одвратност на лицето... Го правите ...
„Партнерот ме уценува да живееме заедно, но јас не сакам да бидам маќеа на неговите деца“ Дали жената треба да живее со партнерот иако не е подготвена да се грижи за него...
Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...
„Девојка ми не сака да работи и очекува јас да плаќам за сè – мислам дека е мрзлива и има нереални ж... „Со девојка ми сме заедно повеќе од две години. Ми кажа дека сакала само јас да ...
5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg