Најчестите типови на мажи кои се сингл и после 30-тата

Кога сте во 20-тите, речиси сите се сингл и ова не е ништо необично. Но после 25-тата година, повеќето луѓе или се во брак, или имаат сериозна врска.

13-vidovi-mazhi-koi-se-singl-i-posle-30-tata-01.jpg

Токму поради ова, за мажите кои се веќе во своите 30-ти, а сè уште се сингл, постои верување дека нешто не е во ред со нив.

Се разбира, ова не е вистина и понекогаш мажот или немал среќа во љубовта, или одлучил дека сака да биде ерген уште некое време.

Издвојуваме неколку типови на мажи кои се сингл и после 30-тата година од животот, а сите си имаат свои особини:

Средовечен заводник

Најчесто овие мажи се осамени и несигурни. Можат да заведуваат многу жени, но само до одредена возраст.

Штом ќе ги стигнат 40-тите, почнуваат да сфаќаат дека го губат добриот физички изглед и дека со парите не можат да ја купат љубовта.

„Огорчен“

Воглавно, ова се мажи кои имале многу лоши искуства во минатото, па веројатно сега им е страв од поврзување.

Како заводниците, и тие можат да бидат осамени, но поради мислењето дека сите жени се исти, не си дозволуваат вистински да се поврзат со некој.

najchestite-tipovi-na-mazhi-koi-se-singl-i-posle-30-tata-02.jpg

Разведен татко

Овие мажи биле во среќен брак, но нештата не оделе по план, па останале сами набрзо.

Овојпат станува збор за мажите кои имаат дете, па неретко родителството не им дозволува да започнат сериозна врска. Проблемот е уште поголем ако во нивниот живот е вклучена и поранешната сопруга.

Оженет

Ова се мажи кои ја вадат бурмата кога излегуваат и не го почитуваат нивниот брак.

Тие не се воопшто сингл, но изгледа дека не им е грижа за сопругата што ги чека дома.

13-vidovi-mazhi-koi-se-singl-i-posle-30-tata-03.jpg

Опасност од катастрофа

Овие мажи не се непривлечни, но постои нешто во нивниот карактер што ги прави одбивни.

Лошо се однесуваат кон другите, но сепак се чудат зошто не можат да најдат партнерка. Без разлика дали нивното однесување е резултат на тешко минато, проблем со зависност или променливо расположение, факт е дека тие се непредвидливи.

Добар пријател

Постојат и мажи кои секогаш воспоставуваат премногу пријателски однос со жените. Па, со ова се исклучува секоја можност за романтична врска.

Најчесто, жените ги гледаат овие мажи само како пријатели и никогаш не би ја преминале границата со нив.

13-vidovi-mazhi-koi-se-singl-i-posle-30-tata-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
5 „кошмари“ кои (на моменти) ја мачат секоја сингл жена „Ако сум сама, дали тоа значи дека нешто не е во ред со мене...?“, „Всушност, ме...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg