„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“

„Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ја остави сопругата за да биде со мене и му верувам“ – вели оваа анонимна жена во своето писмо со кое бара помош како да го натера саканиот да се разведе со сопругата и да ги остави своите деца.

vljubena-sum-vo-shefot-kako-da-go-nateram-da-gi-ostavi-soprugata-i-decata-i-da-bide-so-mene-01.jpg

Сите знаат дека аферите на работното место, со оженетиот шеф не се препорачливи затоа што може да се случи да останете и без работа, но и со скршено срце. Но, оваа анонимна жена е уверена дека нејзиниот шеф навистина ја сака, па бара помош како да го натера да ги остави сопругата и двете деца и да биде со неа.

Таа упати писмо до редакцијата на британскиот весник Metro, на кое доби одговор од секс колумнистката Лаура Колинс, која најчесто одговара на прашањата на читателите за дилемите во врските и љубовниот живот.

Проследете го писмото на читателката во целост:

„Вљубена сум во мојот шеф, но веќе не сакам да му бидам само љубовница. Тој е оженет, секако, и знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но вели дека сака да ја остави сопругата за да биде со мене и му верувам.

Тој ме интервјуираше за работното место и од првиот миг меѓу нас имаше хемија. Ја почнавме аферата мошне брзо, но многу сме дискретни и не верувам дека некој се сомнева во нас.

vljubena-sum-vo-shefot-kako-da-go-nateram-da-gi-ostavi-soprugata-i-decata-i-da-bide-so-mene-02.jpg

Секогаш ми вели дека не е среќен дома и дека со неговата сопруга водат одделни животи. Проблемот е што има две мали деца, и ми вели дека заради нив не си заминал досега.

Нашата афера е многу страсна и се гледаме секогаш кога имаме можности. Има камери на работното место, но забавно ни е да ги избегнуваме и понекогаш да се сретнеме кога нема никој друг во близина. Сексот е мошне возбудлив, дури и тогаш кога ќе успееме да украдеме само неколку заеднички мигови.

Ве молам немојте да ми пишувате да ставам крај на аферата, затоа што не можам. Ми треба совет како да го натерам да ја остави сопругата. Знам дека ме сака, но не може да го преземе тој последен чекор за да биде со мене.

Сакам да имам повеќе од обична афера, како да го постигнам тоа?“

vljubena-sum-vo-shefot-kako-da-go-nateram-da-gi-ostavi-soprugata-i-decata-i-da-bide-so-mene-04.jpg

Одговорот на Лаура во голема мера е очекуван, па таа нагласува зошто во никој случај аферите со шефот не се пожелни и треба веднаш да им се стави крај.

Одговорот од секс колумнистката:

„Ме замоли да не ти велам да ја завршиш аферата, но извини, токму тоа е мојот совет. Стави крај. Не само затоа што тој е оженет и има деца, туку и затоа што си ја цениш работата и може да си направиш проблем во иднина.

Велиш дека никој не се сомнева во вашата афера, но тој ти е шеф. Дали имаш привилегии во однос на другите колеги? Дали поминува повеќе време со тебе, отколку со другите колешки? Доволно е само една личност да упати поплака и да се најдеш во голем број проблеми.

Сигурна сум дека тие украдени мигови се возбудливи, но ако некој ве види во компромитирачка ситуација, еден од вас или двајцата можете да бидете обвинети за непримерно однесување на работното место. Дали заради правилата на работното место или заради тоа што работите ќе станат потешки, ќе мора да се збогуваш и со работата, но и со тој што го сакаш.

Романтичните врски меѓу шефот и вработените може да бидат вистинско ‘минско поле’ и мора да бидеш мошне внимателна.

vljubena-sum-vo-shefot-kako-da-go-nateram-da-gi-ostavi-soprugata-i-decata-i-da-bide-so-mene-05.jpg

Најмногу од сѐ, ме загрижува тоа што тој има деца и, како што и самиот ти рекол, не сака да си го растури семејството.

Најчесто се случува мажите да стават крај на бракот, не затоа што премногу сакаат да бидат со љубовниците, туку затоа што се чувствуваат мизерно дома. Дали навистина е несреќен дома? Затоа што ако тоа не е точно, тогаш долго време ќе чекаш да стави крај на бракот.

Те молам, стави крај и потруди се да не започнуваш врска со оженети мажи во иднина. Свесна си дека си подготвена за нешто повеќе од афера, па дај си шанса да ја најдеш вистинската љубов.“ – вели таа.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
„Кучешка“ поза со лисици за авантуристите што сакаат жежок секс (18+) Сакате да го „зачините“ сексуалниот живот? Секогаш можете да пробате нешто ново ...
Гоца Тржан сака секс на јавно место, Ким Кардашијан – кучешка поза: Што им е омилено во сексот на по... Анџелина Џоли сака садо-мазо, а Ријана секси играчки и врзување... Што сакаат на...
„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопруго... „Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален ...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg