„Порано пред секс го гасев светлото, но повеќе не се срамам од своето тело - како ми помогна сопругот?“ (18+)

„Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален живот. Носев широки маици и не сакав да имам секс ако светлата не се исклучени. Го задржував здивот обидувајќи се да изгледам ‘помала’. Не му дозволував на партнерот да го допре мојот стомак“, вели за својата сексуална несигурност Џорџина Кокс.

porano-pred-seks-go-gasev-svetloto-no-povekje-ne-se-sramam-od-svoeto-telo-kako-mi-pomogna-soprugot-18-01.jpg

Џорџина Кокс е фитнес инструкторка која го посвети својот живот на тоа да им помогне на жените да влезат во форма. Но, таа вели дека долго време не му дозволувала на сопругот да ја види гола поради нејзиниот изглед.

Џорџина, иако е личен тренер, долго време не сакала да се погледне во огледало. Всушност, таа толку многу се срамела од своето тело, што не сакала да има секс ако светлата не се изгаснати.

Но, во 2020 година оваа жена почна да објавува фотографии и видеа на Инстаграм со кои почна да промовира позитивна слика за сите облици на тела, без оглед на формата и дебелината. Откако го прави ова, таа признава и дека се чувствува подобро во своето тело.

Оваа 32-годишна жена сега има 203.000 следбеници на нејзиниот Инстаграм.

Таму споделува совети со кои се надева дека ќе им помогне на жените да го гледаат своето тело како низ розови очила и да се доживуваат како убави и привлечни.

Неодамна, Џорџина почна да објавува и видеа со кои сака да ги натера жените да зборуваат за тоа како нивните несигурности можат да влијаат на нивниот сексуален живот.

Нејзиниот сопруг дури се појавува во некои од нив, па тие го споделуваат своето патување како пар.

„Кога јас и мојот сопруг почнавме да ја создаваме содржината што ја правиме пред неколку години, тоа беше затоа што никогаш порано не сум видела нешто слично. Никогаш не сум видела физички допир на нормално, опуштено тело.

Интимноста како да беше резервирана за слабите, ‘совршени’ тела и јас сакав да го променам тоа“, вели таа во интервју за Daily Star“.

„Сликата за моето тело што ја имав во главата, влијаеше лошо на мојот сексуален живот. Носев широки маици и не сакав да имам секс ако светлата не се исклучени.

Постојано го задржував здивот, обидувајќи се да изгледам ‘помала’. Не му дозволував на партнерот да го допре мојот стомак. И така беше додека не го запознав мојот сопруг“, вели Џорџина.

Таа му се отворила на нејзиниот сопруг за сите несигурности што ги имала и оттогаш се сменило сè. Од него добила поддршка, а тој ја убедил и дека не го гледа нејзиното тело на истиот негативен начин како таа.

„Тој го гледа моето тело исто како што јас го гледам неговото, со љубов“, рече таа.

Признава и дека е многу среќна што нејзиниот сопруг сака да биде во видеата, бидејќи тој знае колку се тие емотивни за неа и колку се важни пораките што сака да ги испрати.

„Сопругот ми помогна да почнам да чувствувам самодоверба кога имам секс, да го прифатам своето тело, да ја отфрлам несигурноста и притоа цело време ми повторуваше дека тој не се чувствува така.

Љубовта, трпението и прифаќањето што ми ги покажува во секој интимен момент е нешто за што секогаш ќе му бидам многу благодарна“, вели таа.

Таа сега испраќа силни пораки до жените кои ја имаат истата несигурност како неа:

„Размислете за моментот кога го прегрнувате вашиот партнер. Дали размислувате за неговите ‘фалтички’? Дали воопшто размислувате негативно за нивното тело? Ни тој не чувствува негативност кон вашиот изглед.

Иако може да ви биде тешко да сфатите, вашиот партнер ве сака поради вас - без разлика на големината, обликот или тежината на вашето тело. Никогаш не дозволувајте вашите несигурности да ве спречат да го доживеете секој интимен момент што овој живот ви го нуди, вие сте достојни за сите нив“.

Прочитајте и Фитнес инструкторка открива трикови – како инфлуенсерките го кријат целулитот и вишокот на телото? (видео)

А. Ј. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
„Таа имаше 3 пропаднати брака - со бизнисменот ѝ здодеа, со психијатарот не најде мир, но како најде... „Третиот брак ѝ беше со психијатар. Залудно сè, ако нема мир. Зошто да го плаќа ...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...

Најчитани неделава