Вратоврска - елегантен и безвременски моден детаљ

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-povekje„Добро заврзана вратоврска е првиот важен чекор во животот“, рекол еднаш познатиот писател Оскар Вајлд. И при тоа не згрешил. Ретко кој...


...украс околу машкиот врат има толкаво значење како безвременската вратоврска. Таа воедно е и единствениот елемент на машкото облекување чија првенствена улога е украсна, а не функционална.

Квалитетната и добро одбрана вратоврска може да ја збогати било која комбинација на облека.

Кратка историја

На самиот почеток вратоврската, односно нејзиниот прототип им служела на римските говорници како средство за загревање на гласните жици, а својот денешен облик го добила дури во 1924 година.

Вратоврска и плетен џемпер - тренди комбинација

Вратоврската како составен дел на елегантната деловна комбинација никогаш не се симнува од модните писти. Но, таа никогаш не е иста.

За есен/зима 2011/12 водечките дизајнерски имиња одбраа тенки вратоврски кои се носат под плетени џемпери. Вратоврската благо се наѕира така што на комбинацијата и дава сериозност и елеганција.

При тоа вратоврската можете да ја искомбинирате со бојата на костумот, но можете да одберете и таква што ќе се истакнува. На модните писти завладеа ретро стил, а во таквите комбинации одлично се вклопуваат тесни вратоврски.

Од исклучително тесни вратоврски, со широчина 4-5 cm, ширината на вратоврската сега се задржа на 8.5-9 cm, а има тенденција да се проширува во долниот дел, со дезени од ситни геометриски облици и бои од класична сина, темно црвена и сива.

Јазолот на вратоврската треба да се прилагоди на типот на околувратникот. Поширок околувратник бара и побогат јазол, додека поситен и помалку формален околувратник бара потесна вратоврска и понежен јазол.

Должината на правилно врзана вратоврска е до појасот на пантоланите.

Важно е да се спомне дека вратоврската треба да се одврзе по носењето за да си го добие првобитниот облик и така да се осигури нејзината долговечност.

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-1

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-2

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-3

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-4

cratovrska-eleganten-i-bezvremenski-moden-detal-5

Би можело да ве интересира:

Моден аутфит со кој нема да сте здодевни на работа – 16 комбинации на фустан со патики (фото) Трендсетерките имаат трик со кој секој фустан го претвораат во деловна комбинаци...
Новогодишни аутфити во кои може да одите и на работа и на денска забава (фото) Ако сакате урбани, а сепак дотерувачки аутфити, за на 31-ви од работа да одите д...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Седум тренди зимски комбинации со сатенско здолниште (фото) Со мек џемпер, со широк дуксер или, пак, со тесна ролка – со што сè можете да го...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg