6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето

Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона -  ако ги немате, сигурно ќе посакате да си ги набавите, за да бидат составен дел од вашите зимски комбинации.

6-modeli-na-kaputi-koi-se-hit-ovaa-zima-kje-vi-bide-toplo-a-ke-izgledate-prefineto-01.jpg

Модните дизајнери знаат дека жените најчесто одбираат класични капути и јакни кои може да се носат повеќе години.

Сепак, некогаш е добро да се излезе од зоната на комфор и да се проба некој модел со впечатлива боја, интересен дезен или необичен крој.

Популарните капути и јакни оваа сезона се разновидни, така што има за сечиј вкус по нешто.

И понатаму најбарани се капутите и јакните со неутрални бои, како што се црните, сивите, кафеавите...

Да не должиме, погледнете што се најде на листата кога станува збор за популарни капути за оваа зима:

Teddy или волнени капути

Овој модел отсекогаш бил популарен, но изминативе неколку сезони стана голем хит.

Модните стилисти предлагаат оваа сезона да изберете ваков капут во неутрални бои како крем и беж за да го задржите класичниот и безвременски стил. 

Должината и кројот на овие јакни варира, па затоа е препорачливо да пробате неколку модели за да го најдете оној кој најмногу ви прилега.

6-modeli-na-kaputi-koi-se-hit-ovaa-zima-kje-vi-bide-toplo-a-ke-izgledate-prefineto-02.jpg

Макси капут

Макси капутите го прават секој изглед елегантен. Тоа е факт. 

Од секојдневните обврски до вечерните излегувања, секогаш изгледа привлечно, без разлика каква должина на фустанот носите под него. 

Кратките капути понекогаш изгледаат незгодно на долгите фустани, а овој модел е идеален за сите пригоди.

6-modeli-na-kaputi-koi-se-hit-ovaa-zima-kje-vi-bide-toplo-a-ke-izgledate-prefineto-03.jpg

Капути и јакни во крем боја

Модните стилисти предлагаат и оваа сезона да изберете неутрални нијанси, но посветли, како крем бојата. 

Факт е дека секоја дамка на овие модели веднаш се гледа, што не е случај со потемните бои. 

Меѓутоа, ако приоритет ви е да изгледате стилски, тогаш ова е вистинскиот избор за вас.

6-modeli-na-kaputi-koi-se-hit-ovaa-zima-kje-vi-bide-toplo-a-ke-izgledate-prefineto-04.jpg

Кожени капути

Долгите кожени капути се хит оваа сезона. 

Ако имаат додатоци со крзно, тогаш тие се полн погодок. Најважно за кожата е тоа што е безвременски материјал кој секогаш ќе се носи. 

Изгледа елегантно и моќно, па секоја ваша облека ќе ја подигне на повисоко ниво. 

6-modeli-na-kaputi-koi-se-hit-ovaa-zima-kje-vi-bide-toplo-a-ke-izgledate-prefineto-05.jpg

Капут со шал

За сите оние жени на кои врзувањето шал во комбинација со капут им е стресна и досадна работа, постои решение.

Се појави нов модел на капут со шал како составен дел од него. 

Овој модел е хит на социјалните мрежи, а и познатите го обожаваат.

6-modeli-na-kaputi-koi-se-hit-ovaa-zima-kje-vi-bide-toplo-a-ke-izgledate-prefineto-06.jpg

Puffer јакни

Овој модел јакни се актуелни веќе неколку сезони по ред.

За студените зимски денови, дефинитивно секој посакува нешто пријатно и топло како јорган. 

Овие јакни се водоотпорни и што е најважно - удобни, а во исто време модерни и функционални.

6-modeli-na-kaputi-koi-se-hit-ovaa-zima-kje-vi-bide-toplo-a-ke-izgledate-prefineto-07.jpg

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg