8 најчести грешки поради кои и најубавите зимски обувки изгледаат нескладно

Здолништето не ви ги покрива чизмите

Кога носите миди здолништа, за да не мора хулахопките да ви бидат во иста нијанса како облеката или како чизмите, препорачливо е здолништето да е подолго од висината на чизмите и на тој начин да ви ја покрива ногата.

8-najchesti-greshki-poradi-koi-i-najubavite-zimski-obuvki-deluvaat-neprikladno-07.jpg

Не обрнувате внимание на должината на јакната/капутот

Кога носите краток капут или јакна, можете да облечете што сакате на нозете.

Но, кога јакната или капутот ви се под колена, тогаш е препорачливо да носите високи чизми или чевли со висока потпетица за да ви ја издолжат ногата.

8-najchesti-greshki-poradi-koi-i-najubavite-zimski-obuvki-deluvaat-neprikladno-02.jpg

Одбирате обувки кои се во иста боја со капутот

Кога носите црн капут, и чевлите треба да се црни (или темни). Но, тоа не важи и за светлите капути.

Напротив, ако облечете бел капут, не треба да го комбинирате со бели или светли обувки, туку со темни, кои ќе дадат убав контраст на целиот изглед, а не да се „стопите“ во боите на зимата.

8-najchesti-greshki-poradi-koi-i-najubavite-zimski-obuvki-deluvaat-neprikladno-10.jpg

Спортски чизми одговараат и со капут

Многумина сметаат дека спортските чизми со врвки треба да се комбинираат само со јакни.

Сепак, тие одлично одат и на капут, со дебел џемпер и фармерки или хеланки.

8-najchesti-greshki-poradi-koi-i-najubavite-zimski-obuvki-deluvaat-neprikladno-03.jpg

А. Ј. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Мини, ленени, проѕирни: Модели на здолништа што ќе ги гледаме насекаде ова лето Од класично бело или црно, до мини здолниште со висок струк – што ќе биде во тре...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...
8 модни формули со здолниште, идеални за (рана) есен Плисирано здолниште и џемпер, со високи чорапи и балетанки – идеална комбинација...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...

Најчитани неделава