8 модни трендови кои брзо се прославија, но уште побрзо исчезнаа

Монохроматски аутфит

Монохроматските аутфити не излегуваат од мода бидејќи можат да се сметаат за класика.

Но, сега девојките и жените не се толку опседнати со нив.

До пред некоја година дефинитивно доминираа комбинации со две-три слични нијанси и како сите да избегнувавме принтови и посилни бои.

Но, „повеселата“ облека сега повторно е хит.

8-trendovi-koi-brzo-se-proslavija-no-ushte-pobrzo-ischeznaa-06.jpg

Сандали со голем ѓон

Чевлите, чизмите, но и патиките со голем ѓон уште се популарни.

Но, истото не може да се каже за сандалите.

Иако и сега се хит поедноставни модели, повеќето девојки жени се држат до оние со „нормален“ ѓон.

8-trendovi-koi-brzo-se-proslavija-no-ushte-pobrzo-ischeznaa008.jpg

Рамно потрстрижана коса и интензивна фарба

Руса, речиси бела коса или сина или, пак, фарбана црна – извесен период, интензивните фарби за коса беа мошне популарни.

Исто така, доста популарна беше рамnо потстрижаната коса.

Сепак и овие трендови не траеја многу долго.

Секако и денес некои жени и девојки се одлучуваат за поинтензивна боја, но повеќето претпочитаат поприроден изглед.

Истото важи и за рамно потстрижаната коса.

8-trendovi-koi-brzo-se-proslavija-no-ushte-pobrzo-ischeznaa-08.jpg

Очила „мачкини очи“

Ова е тренд кој потсетува на 1960-тите и 1970-тите, а речиси и да немаше девојка која не си купи вакви очила.

Сепак, трендот брзо застаре и сега популарни се поголемите модели.

8-trendovi-koi-brzo-se-proslavija-no-ushte-pobrzo-ischeznaa-09.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg