8 модни трендови кои брзо се прославија, но уште побрзо исчезнаа

Нападна шминка со многу коректор и впечатливи бои за коса, како розова – кои се трендовите што го освоија светот, но брзо исчезнаа?

8-trendovi-koi-brzo-se-proslavija-no-ushte-pobrzo-ischeznaa-01.jpg

Не секој моден тренд го освојува целиот свет и им се допаѓа на сите.

А, оние трендови кои се прифатени од повеќето, обично се актуелни година-две, па и подолго.

Сепак, постојат и мошне популарни трендови кои се чини ги заборавивме за неполна година.

Дел од нив во продолжение:

Користење многу коректор и пудра

Коректорот е одличен за прикривање мали несовршености на лицето, а извесен период го користевме многу, можеби дури и премногу.

Контурирањето бараше употреба на големо количество коректор, но и пудра и други продукти за шминкање.

Иако сите бевме „луди“ по овој начин на шминкање, тој не беше популарен многу долго, најмногу бидејќи одземаше премногу време.

Денес девојките и жените претпочитаат поприродна шминка.

8-trendovi-koi-brzo-se-proslavija-no-ushte-pobrzo-ischeznaa-02.jpg

Дебела линија со туш за очи

Мал број девојки можеа совршено да го нанесат тушот на очите. Но, и покрај воа вистински хит беа дебелите линии кои понекогаш изгледаа и нападно.

И ова беше мошне популарен тренд кој набрзо беше заменет со посуптилен ајлајнер.

8-trendovi-koi-brzo-se-proslavija-no-ushte-pobrzo-ischeznaa-03.jpg

Пеги

Сите се согласуваат дека природните пеги изгледаат навистина убаво.

Но, се сеќавате ли на периодот кога беше хит самите да си цртаме пеги?

Некои одеа дотаму и што си ги тетовираа.

За краток период, и овој тренд отиде во заборав.

8-trendovi-koi-brzo-se-proslavija-no-ushte-pobrzo-ischeznaa-04.jpg

„Nude“ кармин

Карминот со боја слична на кожата (па и посветла) беше вистински хит во 2000-тите.

Накратко повторно стана популарен, во не толку нападна нијанса.

Сепак, сега повторно им се дава предност на кармините со розови и црвени нијанси.

8-trendovi-koi-brzo-se-proslavija-no-ushte-pobrzo-ischeznaa-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
10 модни додатоци за на плажа, кои ќе бидат во тренд за лето 2025 Плетени комплети, мрежести фустани, масивни бразлетни, детали со школки или во п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg