Основни модни парчиња што ги има во гардероберот на секоја тренди Французинка
Елегантен капут
Препорачливо е да имате еден елегантен еднобоен капут кој ќе можете да го комбинирате со сите останати парчиња на листата.
Едноставен фустан
За потоплите денови, купете барем еден едноставен долг фустан со прерамки.
Избегнувајте модели со многу додатоци или кои се многу кратки.
Французинките сакаат памучни, но и сатенски фустани.
Кошула со риги
За малку да ја разбиете монотонијата, купете една кошула на риги која можете да ја комбинирате со фармерки и здолништа.
Квалитетни фармерки
Кога купувате фармерки, немојте да ги следите микротрендовите, туку одберете безвременски модел.
Најдобро е да не се многу тесни, ни многу широки.
Џемпер со риги
Ова е омилениот дезен на Французинките, па за постудените денови купете џемпер со риги.
Балетанки
За дневни излегувања, ништо не може да ги замени балетанките.
Французинките ѝ даваат предност на удобноста, а балетанките изгледаат добро и во лежерни, и во поелегантни комбинации.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





