Мини, ленени, проѕирни: Модели на здолништа што ќе ги гледаме насекаде ова лето
Од класично бело или црно, до мини здолниште со висок струк – што ќе биде во тренд ова лето?

Летото е речиси овде и сезоната за здолништа веќе одамна е почната.
А, ако планирате да се подновите за оваа сезона, погледнете што ќе биде во тренд:
Класично бело здолниште
Белите здолништа од лесен материјал како памук се можеби најдобар избор за лето. Можат да се комбинираат со секаков тип на блузи и кошули, а можете да ги носите и со патики, и со балетанки и сандали.

Здолништа со точки
Точките повторно се хит, а изгледаат мошне добро на здолништа. Идеални се за винтиџ комбинации, со елегантна еднобојна блуза.

Долго ленено здолниште
Ленот е можеби најдобриот материјал за лето, а ако не ви се допаѓаат кратки панталони, сигурно ќе сакате долго ленено здолниште. Доста популарни се и комплетите со ленено здолниште и кошула, кои изгледаат одлично со сандали.

Мини здолниште со висок струк
Мини здолништата се комбинираат со буквално сè, а сезонава најголем хит ќе бидат оние со висок струк. Достапни се во секакви бои и дезени, па лесно ќе најдете модел што ќе ви одговара вам.

