Тренд за 2025: Чанти што личат на крпа од џогер - и наша модна инфлуенсерка се вљуби во нив
И македонската модна инфлуенсерка Марис се вљуби во овој тренд на чанти и вели дека едвај чека да си обезбеди една. Би носеле ли вие чанта што наликува на крпа од џогер?

Викторија Богодист е модна инфлуенсерка, со повеќе од 155.000 следбеници на Инстаграм, која живее во Рим, Италија.
Родена е во Русија, а нејзиното семејство со неа кога била бебе на 6‑месечна возраст се преселило во Украина, каде живеела до 21 години, па во Полска и сега Италија ѝ е дом.

Викторија има одлично чувство за естетика, а сега го промовира новиот тренд за чанти.
Станува збор за чанти во впечатливи бои, кои наликуваат на крпа од џогер.

Тие се дело на дизајнерката и уметница Јулија Ладченко од Украина, специјализирана за скулптурални чанти и накит.

Нејзините дела се спој од текстил, конец, 3D‑принт и мешање на традиционални техники со модерно.

Во овие чанти се вљуби и македонската модна инфлуенсерка Марис, од Штип, а на која Шведска ѝ е дом.
Таа сподели неколку модели и порача дека планира да си купи во прва пригода кога ќе пронајде соодветен модел според цената и изгледот.

Би носеле ли вие ваква чанта?
Повеќе модели од овие чанти, преку фотките на модната инфлуенсерка Викторија:





