5 совети за да изберете модерен, а не застарен мантил за есен 2025, според стилистите
Избегнувајте тесни мантили припиени до телото, но и модели над колено. Кои типови на есенски мантил ќе бидат во тренд оваа сезона, и како да ги препознаете?

Дури и популарниот есенски тренч мантил го менува својот изглед секоја сезона.
Некогаш јаката е мала и скоро незабележителна, другпат е голема и впечатлина. Некои модели имаат огромни џебови, други се со многу копчиња...
Но, кој од овие модели ќе биде хит оваа есен 2025? И како да изберете модерен, а не застарен модел?
Стилистите имаат одговор и 5 совети до кои треба да се придржувате:
Волумен на мантилот
Избегнувајте тесни мантили припиени до телото. Наместо тоа, изберете поширок, поволуменозен модел.
При изборот, обрнете внимание тој да ви биде точен во рамената, а ракавите да ви се соодветно долги.
Со други зборови, не купувајте мантил во поголем број за да добиете визуелно поширок и поголем модел.

Земете ја предвид должината
Во продавниците и оваа сезона ќе најдете мантили во различни должини, но во моментов најмодерни се моделите кои се до под колено.
Ако треба да изберете, подобро е да се решите за долг мантил, наместо модел до над колена или пократок.

Внимавајте на материјалот
Тенките материјали не во мода, зашто многу лесно им се губи формата.
Па, кога избирате мантил, барајте парче кое е подебело, и кое во својот состав има барем 50% памук.
Добра алтернатива се и мантилите од еко кожа, тексас и винил.

Мантилите со принт не се во мода
Иако многумина обожаваат мантили налик на животински принт, оваа сезона тие не се во мода.
Наместо нив, подобро е да одберете модел во друга боја - теракота, маслинесто зелен, пудра боја, на пример.

Не се во тренд ни модели со многу додатоци
Многу мантили имаат и големи јаки и еполети, два реда копчиња, ремен, па дури и фалти на ракавите - и сето ова споено во едно е едноставно премногу.
Затоа, решете се за модел кој е покласичен, со почисти линии, кој ќе делува едноставно, а впечатливо кога ќе го облечете.

А. Ј. | Црнобело