8 предлог комбинации со плетено здолниште за есен и зима

Долго плетено здолниште со UGG чизмички или, пак, плетено мини здолниште со широк џемпер.

8-predlog-kombinacii-so-pleteno-zdolnishte-za-esen-i-zima-01.jpg

Најголемиот моден хит за оваа есен и зима се плетените здолништа.

Меки се и удобни, ќе ве стоплат, а поради минималистичкиот дизајн, се вметнуваат во секакви комбинации и одговараат за сечиј стил.

Осум предлог комбинации со плетено здолниште:

Долго, широко плетено здолниште и UGG чизмички

Една од најтренди комбинациите за оваа есен и зима е плетено здолниште со ниски UGG чизмички, меки чорапи и џемпер.

8-predlog-kombinacii-so-pleteno-zdolnishte-za-esen-i-zima-02.JPG

Тесно плетено здолниште со високи чизми

Тесното плетено здолниште е идеално за деловни и поелегантни комбинации.

Можете да го носите со високи чизми, а комбинацијата ќе изгледа мошне добро со потесен џемпер.

8-predlog-kombinacii-so-pleteno-zdolnishte-za-esen-i-zima-03.JPG

Миди плетено здолниште со широко сако

Миди плетеното здолниште лесно се вкопува во секакви комбинации, а стои добро на секакво тело.

Можете да го носите со широко сако, во комбинација со маичка и патики.

8-predlog-kombinacii-so-pleteno-zdolnishte-za-esen-i-zima-04.JPG

Долго плетено здолниште и животински принт

Бидејќи хит се еднобојните плетени здолништа, за да ги освежите комбинациите, можете да додадете нешто со животински принт.

Сезонава хит се и чевлите со животински принт кои изгледаат мошне добро со плетено здолниште.

8-predlog-kombinacii-so-pleteno-zdolnishte-za-esen-i-zima-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

8 модни формули со здолниште, идеални за (рана) есен Плисирано здолниште и џемпер, со високи чорапи и балетанки – идеална комбинација...
8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...
Идеи како стилски да носите кожен мантил во разни комбинации Ако немате идеја како да го носите кожениот мантил – ви предлагаме неколку модни...
Мини, ленени, проѕирни: Модели на здолништа што ќе ги гледаме насекаде ова лето Од класично бело или црно, до мини здолниште со висок струк – што ќе биде во тре...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Седум модни комбинации со чизми за оваа пролет (број 3 ќе сакаат сите да ја пробаат) Со женствени, спортски и деловни комбинации - чизмите се хит оваа пролет, а може...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg