Тренди деловни комбинации со кои полесно ќе го преживеете летото
Ленени панталони и елек, маски здолниште со широка кошула или, пак, елегантни бермуди со маичка.

Во лето е навистина потешко да направите соодветна деловна комбинација во која ќе изгледате претставително, а сепак да не зовриете на жешкото време.
Кога не можете да облечете многу кратко здолниште или многу разголена маичка, најдобро е да обрнувате внимание на материјалите.
Шест тренди комбинации со кои полесно ќе го преживеете ова лето на работа:
Ленени панталони и елек
Ленените панталони се меѓу најголемите хитови за ова лето, а можете да ги носите и на работа.
За да изгледаат „поделовно“, искомбинирајте ги со елек.
Комбинацијата дополнете ја со балетанки и минималистичка чанта.

Макси здолниште и широка кошула
Макси здолништата се идеални за деловни комбинации.
Истото важи и за широките кошули кои кога се направени од лесен материјал, како памук, можат да бидат одлично парче за топлите денови.

Миди здолниште и маичка
Едноставната маичка е полежерно парче, но се вкопува и во деловни комбинации.
Можете да ја носите со поелегантно миди здолниште и минималистички накит.

Бермуди и маичка или елек
Бермудите се одлична летна замена за класичните панталони.
Изгледаат добро со тесна маичка, но и со елек, а комбинацијата можете да ја комплетирате со чевли со мала штикла.

Молив здолниште и широка кошула
Молив здолништата се задолжително деловно парче облека, а во лето можете да ги комбинирате со широки кошули.
Овој аутфит изгледа одлично со штикли, но и со балетанки.

Фустан и свилена марама
Веруваме дека веќе носите фустани на работа, но за да изгледате потренди, на половината заврзете и свилена марама.
Овој мал детаљ целосно го менува изгледот на аутфитот и е вистински хит сезонава.

Спирова С. | Црнобело