5 модели на здолништа што ќе ги гледаме насекаде ова лето
Здолниште со раб од тантела, но и миди здолниште кое веќе е класика.

Летото е идеална сезона за здолништа, а ако сакате да се подновите, веруваме дека ве интересираат и трендовите.
Добрите вести се дека генерално трендовите се парчиња што веќе се сметаат за класика, што значи дека нема да ги носите само една сезона.
Пет модели на здолништа кои се тренди ова лето:
Здолништа со раб од тантела
Тантелата е ненаметлив украс на здолништето, но сепак го комплетира целиот аутфит и му дава доза елеганција.
Овие здолништа, најчесто од свила или сатен, се идеални за лето и изгледаат мошне добро со сандали или елегантни апостолки.

Миди здолниште
Миди здолништата се класика и изгледаат добро на секаков тип на тело.
Можете да ги комбинирате и со патики, и со сандали и балетанки.

Здолништа со впечатливи текстури
Максимализмот е огромен хит периодов, а ова важи и за здолништата
Па, ова лето нема да погрешите со впечатливо здолниште, без разлика дали е со реси, со светкави украси или некој храбар дезен.
Ваквите здолништа се акцент на целиот аутфит и најдобро изгледаат со поедноставни парчиња.

Сатенско здолниште
Сатенските здолништа веќе подолг период не излегуваат од мода, а можат да бидат идеални за летните комбинации.
Елегантни се, но можете да ги комбинирате и со патики.

Кратко кожно здолниште
Долгите кожни здолништа беа хит зимоска, додека ова лето поактуелни се кратките модели.
Можеби не се идеални за дневни излегувања, на високи температури, но изгледаат одлично во аутфити за ноќно излегување.

Спирова С. | Црнобело
