5 модели на костими за капење кои „бришат“ килограми - Што да носите во лето 2026?
Ретро моделите со висок струк, кои визуелно ја истенчуваат половината, се вистински хит ова лето. Но, каков друг модел на костим за капење можете да изберете?

Костимите за капење откриваат голем дел од телото и некои жени гордо го покажуваат - во танга, полутанга, топлес, мини бикини.
Но, постојат и жени кои бараат костими за капење во кои би изгледале послабо или модели со кои ќе ги скријат несовршеностите на телото.
Па, ако сте од овие вторите, погледнете ја листата од 5 модли костими за капење, за кои стилистите велат дека „бришат килограми од телото“.
Можеби еден од нив ќе биде ваша инспирација за летово, ако сè уште не сте купиле костим за капење:
Едноделни костими за капење
Благодарение на кројот, отворениот грб, отсечоците и додатоците, едноделните костими за капење веќе не се „здодевни“.
А ако сакате со нив да скриете некој килограм, одберете модел во темна боја (црна, тегет, маслинка или чоколадо).

Асиметрични парчиња или едноделни костими со асиметрични шари
Моделите со едно рамо, или асиметрични шари се особени модерни во 2026-та.
Уште еден плус за нив е што асиметријата визуелно ги крие проблематичните делови од телото и визуелно ги коригира пропорциите.
А најдоброто од сè е што ваквите костими за капење му одговараат на секој тип на тело.

Костим за капење со набори
Иако може да ви изгледа дека наборите додаваат килограми, тие, сепак „ги бришат“ и го затскриваат стомакот, па ѝ даваат женствен изглед на силуетата.

Костими за капење од „ребраст“ материјал
Костимите за капење со „структура“, кои делуваат поволуменозно, како да ја затегнуваат фугурата и изгледаат многу поефектно отколку обичните костими за капење од мазен материјал.
Идеални се за жени кои сакаат едноставен, но ефектен изглед.

Ретро модели со висок струк
Ретро костимите за капење со висок струк, оваа година се повторно во мода.
Тие особено им одговараат на полничките жени, зашто ластикот на долниот дел го стега стомакот, па го истенчува струкот.
Притоа, моделите во црна, тегет или бордо боја изгледаат многу софистицирано.

А. Ј. | Црнобело