Лепезите се хит моден додаток за лето 2026 – тие се дел од стилот, а не само за ладење (фото)
Ако досега дамите носеа обични лепези за разладување, сега дури и тие се естетски и оставаат моден впечаток како дел од целосниот аутфит. Кој би помислил дека лепезата ќе биде највпечатливото парче на вашиот стајлинг?

Во мода се враќа ретро моден додаток, токму кога ни е најпотребен, бидејќи температурите ова лето изгледа ќе бидат пеколни.
Ако порано лепезите беа реткост, сега може да се забележат кај речиси секоја девојка и жена, независно дали е на кафе или на свадба.

И сосема очекувано, лепезите веќе ги има во сите модни продавници (како Zara, Mango, H&M, но и брендови како Gucci), со дизајни кои оставаат силен моден впечаток, како дел од аутфитот и стилот.


Може да делуваат романтично, елегантно, гламурозно и шик, зависи како ќе ги искомбинирате, па дозволете си овој практичен додаток да не биде здодевен, туку да изгледа стилски.







М. М. | Црнобело