Модерни зимски додатоци за мажи

Доколку сте од оние мажи кои сакаат да бидат облечени со стил, а ја вреднуваат и практичната страна, оваа зима нема да се одвоите од модните додатоци.

moderni-zimski-dodatoci-za-mazi-01

Во студените денови ќе може да уживате во вашата омилена капа или шал, необичниот пар на ракавици или пак очилата без кои едноставно не можете.

Капите се првиот додаток кој сигурни сме дека веќе го имате. Ако сакате да се откажете од обичната плетена капа сега е вистинско време да експериментирате. Кожните модели или пак оние со крзно се навистина модерни и топли, така што нема да погрешите каков вид на капа и да одберете.

Големиот плетен шал или интересната марама се повторно во тренд, како и секоја претходна зима. Запомнете дека секое палто изгледа многу подобро надополнето со ваков аксесоар.

moderni-zimski-dodatoci-za-mazi-1

moderni-zimski-dodatoci-za-mazi-2

Не се двоумете при изборот на ракавици – оваа зима тие се меѓу главните додатоци. Плетени, кожни, целосни или пак со пресечени прсти - одлично изгледаат во било која варијанта и боја.

moderni-zimski-dodatoci-za-mazi-3

moderni-zimski-dodatoci-za-mazi-4

Ако температурите се повеќе се намалуваат, тоа не значи дека модата на очилата за сонце поминува. Тие се одлична заштита и од зимските ветрови. Одберете ги наједноставните очила за сонце кои лесно можат да се вклопат во секоја зимска комбинација и никогаш не се одвојувајте од нив.

moderni-zimski-dodatoci-za-mazi-5

Последниот моден додаток за оваа зима се однесува за деловните мажи или пак оние со секојдневни обврски. Единствен начин како да изгледате уредно и модерно додека да стигнете до работното место се машките чанти. И тука не постојат никакви ограничувања – оберете модел според вашите потреби.

Би можело да ве интересира:

7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ракавици „без прсти“ и уште 8 работи кои беа гламурозни во 2000-тите (а денес изгледаат смешно) Гледајќи како се облекувале ѕвездите, но и обичните луѓе пред околу четврт век, ...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава