Војнички изглед и формална облека – модни сојузници во колекциите на Diesel

Колекцијата пролет/лето 2013 на Diesel ги истражува границите помеѓу војничкото облекување, формалната и секојдневната облека – судирајќи се тие стануваат модни сојузници.

vojnicki-izgled-i-formalna-obleka-001

Машката колекција отсекогаш се фокусирала на совршените материјали и најхрабрата комбинација на стилови и форми. Дизајнерите на Diesel оваа сезона прават интересна комбинација на таканаречениот “military” стил и поформалната облека. Зелената боја доминира, а облеката во бела боја и дава доза свежина на целата линија.

Разните модели на фармерки во повеќе нијанси и кроеви се секако едни од најатрактивните парчиња и нешто што мора да го има секој модерен маж. Современиот изглед  е надополнет со маички со интересни апликации, кожени јакни и уникатни модни додатоци како чевли и чанти со детали во разиграни бои.

Неизбежна е и колекцијата на долна облека Underdenim која е совршена подлога на Diesel џинсот – дизајнот на долната облека до ситни детали го следи дизајнот на фармерките. 

Diesel e италијански бренд најпрепознатлив по џинс колекциите. Овој луксузен, но урбан моден бренд е основан во 1978 година од страна на Ренцо Росо и оттогаш доживува брз развој.

vojnicki-izgled-i-formalna-obleka-02

vojnicki-izgled-i-formalna-obleka-01

vojnicki-izgled-i-formalna-obleka-03

vojnicki-izgled-i-formalna-obleka-04

vojnicki-izgled-i-formalna-obleka-parcinja-02

vojnicki-izgled-i-formalna-obleka-parcinja-01

vojnicki-izgled-i-formalna-obleka-parcinja-04

vojnicki-izgled-i-formalna-obleka-parcinja-03

vojnicki-izgled-i-formalna-obleka-parcinja-06

vojnicki-izgled-i-formalna-obleka-parcinja-05

Денес брендот нуди повеќе линии за мажи, жени и деца, Diesel Black & Gold и лајфстајл колекција, часовници, очила...Компанијата е активна и во хуманитарни цели, а особено се издвојува проектот Only the Brave кој е намeнет за помош на сиромашните во Африка. Низ светот Diesel има 300 моно-бренд продавници, а е присутен на вкупно 5000 продажни места.

Би можело да ве интересира:

14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025 Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
10 модни трендови кои повторно се вратија во мода (и ќе ги гледате насекаде) Крокс сандалите повторно се во мода и се носат на секакви комбинации, бубрежињат...

Најчитани неделава