Што да облечат полничките жени оваа сезона?

Се чини дека во последно време модната индустрија станува свесна за потребите на полничките жени, па се почесто во бутиците има одлични парчиња облека по последна мода,а во малку поголеми величини.

shto-da-oblecat-polnickite-zeni-ovaa-sezona-3

Модните дизајнери на скоро сите модни куќи на своите полици изложија поголеми бројчиња на облека и ги израдуваа и оние кои не се конфекциски број 0.

Ако сепак не сте сигурни какви модели да изберете од она што се носи оваа сезона, ви нудиме неколку корисни совети.

Пред сè, треба да внимавате на изборот на боја. Па, старото правило вели ако сакате да замаскирате некој дел од телото, потребно е да носите потемни бои.

Црната, секако е незаменлива, со тоа што имате слобода да ја разбиете со некоја посветла боја на местата кои сакате да ги истакнете.

Што се однесува до панталони или фармерки, и тие исто така треба да се во потемни нијанси, а дозволени ви се и модели со вертикални риги, кои визуелно ќе ја издолжат вашата фигура. Врз нив, можете да облечете подолга туника или раскопчана, долга наметка од лесен материјал. Оберете фармерки со повисок струк, кои се закопчуваат онаму каде што сте највитки.

Ако имате широки колкови, одлучете се за модел на фустан чиј струк е малце повисоко, веднаш под градите, а лежерно паѓа преку колковите. При изборот на фустан, важно е патентот да биде позади на грбот, никако од страна.

Иако се модерни оваа сезона, избегнете ги хеланките,  ако сепак одлучите тие да бидат дел од вашата модна комбинација, со нив задолжително облечете долга и лесна туника.

Било што да облечете, комбинирајте со весел накит кој ќе привлекува внимание. А, сега правец  во некој од дуќаните и заблескајте во полн сјај.

shto-da-oblecat-polnickite-zeni-ovaa-sezona-1

shto-da-oblecat-polnickite-zeni-ovaa-sezona-4

shto-da-oblecat-polnickite-zeni-ovaa-sezona-5

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава