Антицелулитен третман за совршен задник

Ова е последна недела без сонце, што значи дека од следната ќе мораме да носиме полесна облека и не ќе можеме да ги сокриеме нашите мали недостатоци. Ако сакате ова лето да сјаете на плажите каде и да одите и без проблем да влезете во вашите жешки панталончиња и мини сукњички, редно е да го пробате овој препарат. Со редовно третирање, со упорност и неколку корисни вежби, вашиот задник ќе се затегне како оној на Џенифер Лопез.

anticeluliten-tretman-za-sovrshen-zadnik-1

Препаратот за зацврстување на телото е всушност антицелулитно пакување за кое ви се потребни следниве состојки:

  • 20 вишни од кои ќе направите каша
  • половина авокадо
  • зобни снегулки по потреба


Меснатиот дел од авокадото ставете го во еден сад, изгмечете го и во него додајте ја кашата од вишни. По ова, постепено додавајте зобни снегулки, додека не добиете густа крема. Нанесете облоги од оваа крема на критичните места, па потоа покријте ги овие места со фолија. Оставете да делува 10 минути, по што ќе го измиете местото со топла вода. Додека чекате препаратот да делува, завршете некоја домашна обврска која бара повеќе движење, (на пример поминете го домот со правосмукалка) со што дополнително ќе му помогнете на вашето тело да се затегне.

Вишните се користат заради нивните специфични својства за тонирање и масивна присутност на полифенол, додека авокадото ја храни вашата кожа, а зобните снегулки и прават пилинг на кожата.

Сите домашни препарати се одлични, бидејќи се природни и нема да ја надразнат вашата кожа, само треба редовно да ги користите. Немојте да правите голема количина одеднаш, бидејќи ќе се расипе.

Се разбира, додека траат овие третмани морате и да бидете физички активни.

Би можело да ве интересира:

10 пати кога ѕвезди избраа ист фустан: Изгледаат различно, а одлично Шарлиз Терон носеше ист фустан како Синди Крафорд, Никол Кидман и Аријана Гранде...
6 модели на капути и јакни кои се хит оваа зима - ќе ви биде топло, а ќе изгледате префинето Модели на капути и јакни кои се хит оваа сезона - ако ги немате, сигурно ќе поса...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...
6 модни грешки поради кои и дамите со стил изгледаат несредено во постудените месеци Џемпери со дебели хоризонтални линии, кадифени фустани што ја следат линијата на...
Црвена како цреша – Како Македонките ја носат бојата што е вистински тренд оваа есен? Црвени усни со боја на цреша, црвени нокти, црвени чанти, фустани и чизми… Ова е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg