9 совети за успешно самопотемнување

Голем број на девојките кои сакаат да се подготват за летото не успеваат рамномерно да го нанесат средството за самопотемнување, па златестиот темен тен останува само желба.

9-soveti-za-uspesno-samopotemnuvanje-01

Затоа, ви откриваме неколку трикови и совети со чија помош ова лето ќе изгледате како штотуку излезени од солариум.

1. Пилинг
Пред да го нанесете препаратот за потемнување на кожата, направете благ пилинг кој во себе содржи масла кои ја хранат кожата. Ако го направите овој чекор откако ќе ја затемните кожата, ризикувате да си оставите големи флеки и нерамномерна боја на кожата.

2. Нанесувајте ја кремата пред спиење
Најдобри резултати ќе постигнете ако кремата ја нанесете осум часа пред туширање или пред некоја физичка активност која предизвикува потење. Затоа, најдобро е овој третман да ги направите пред спиење. Секогаш одбирајте меки и памучни пижами во кои кожата слободно ќе дишe.

3. Хидрирајте ја кожата
Сувата кожа впива повеќе боја од останатите делови на телото. Пред употребата на кремата за потемнување, хидрирајте ја кожата со крема или лосион за тело. Посебно внимание посветете на дланките, стапалата, зглобовите и колениците.

4. Пена за тело
За да постигнете подобри резултати, покрај лосионот за тело нанесете и пена која ја обезбедува максималната влажност на кожата и ја обновува pH вредноста на кожата. Погрижете се секој дел да го покриете рамномерно со оваа пена.

9-soveti-za-uspesno-samopotemnuvanje-02

5. Употребувајте бебешка пудра
Пред да се облечете, на местата кои најчесто се валкаат или потат нанесете бебешка пудра во прав. Тоа ќе ја одржи кожата сува и ќе го спречи формирањето на набори и нерамномерен тен.

6. Помалку е секогаш повеќе
Се препорачува на лицето да нанесувате најмалку средство за самопотемнување. Доколку не бидете задоволни, секогаш можете да го повторите третманот.

7. Користете сунѓер
Дури и да сте внимателни, понекогаш може да пропуштите некое место или да нанесете повеќе крема од саканото. Затоа, од тој проблем може да се решите ако користите сунѓер или ракавица за нанесување на кремата. Не користете голи раце затоа што тие сами по себе се нерамни, па може нерамномерно да го распоредите средството.

8. Заштитете се од вода
Вода и средството за самопотемнување не одат заедно. Затоа пред да влезете под туш нанесете масло за тело кое ќе биде одлична заштита за вашиот потемнет тен. Уште една препорака за заштита на бојата е да користите сапун или шампон кој има pH вредност 5.5 и кој благо делува на кожата.

9. Ритам за нанесување
Првите два во три дена средството за самопотемнување треба да се нанесува секојдневно, а потоа преку еден ден. По извесно време средството може да го нанесувате секој пет до седум дена за да ја одржите бојата.

Би можело да ве интересира:

Ромео Бекам и Миа Реган се моќна стилска двојка (по стапките на Дејвид и Викторија) Наследниците на Дејвид Бекам се трудат да ги следат чекорите на нивните родители...
Модни трикови и совети за девојки со облини Облекувајте се слоевито и обрнете внимание на должината на ракавите – модни трик...
Трикови за комбинирање накит, кои ќе ви користат (со нив славните дами ги кријат недостатоците) Накитот, без разлика дали обетки, прстени или ѓердани, е одличен начин да ја над...
Чанта изработена од воздух и стакло на ревија на Модната недела во Париз - Тежи само 33 грама Чантата е изработена од наноматеријали што НАСА ги користи во вселенските мисии,...
9 модни правила како една жена да изгледа како вистинска дама (со облеката што ја има дома) Минимализмот е клучот, секогаш одлучете се за помалку детали во вашиот изглед. Н...
Корисни совети за изборот на долна облека (за да ви биде удобно и на топло време) Давајте предност на памучната долна облека и носете градник без прерамки – совет...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg