Како да одберете фармерки во кои нозете ќе ви изгледаат подолго и потенко?

Пред да купите уште еден пар евтини фармерки кои веројатно никогаш нема да ги облечете, добро е да научите кој модел вистински ќе ви ги издолжи нозете и ќе ги направи визуелно потенки.

kako-da-odberete-farmerki-vo-koi-nozete-ke-vi-izgledaat-podolgo-i-potenko-01.jpg

Прво, бирајте модели со малку повисок струк. Колку фармерките се повисоки во струкот, толку впечатокот за долги нозе ќе биде поизразена.

Добра алтернатива се и благо ѕвонестите модели, но не претерувајте. Оние суптилно проширените од колениците надолу се идеални. Плус, одлично прилегаат со сите високи потпетици.

Ако сакате да ги истенчите бутовите, внимавајте внатрешниот раб на фармерките да не биде премногу изразен, туку што помалку забележлив и потемен.

kako-da-odberete-farmerki-vo-koi-nozete-ke-vi-izgledaat-podolgo-i-potenko-02.jpg

Темно плавата и црната боја секогаш имаат предност и покрај тоа што ви ги истенчуваат нозете, ви даваат елегантна нота на изгледот.

Сенките и осветлените делови посебно во пределот на колениците, дефинитивно треба да ги избегнете.

Исто така оддалечете се од деталите на фармерките кои може да ви за заоблат фигурата. Подвитканите фармерки исто така не се најдобар пријател на долгите и тенки нозе.

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
8 модели на панталони кои се тренд и ќе ги засенат фармерките во 2025-та Широки palazzo панталони кои делуваат како долго здолниште, кожени панталони, ши...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...

Најчитани неделава