Носи XL облека и позира за „Vogue“ (фото)

Со години ја исмејувале и ѝ зборувале дека е премногу ниска и дебела за да биде модел. Но, Тес Холидеј докажала дека во животот може да успеете во сè што ќе наумите, колку и тоа во некои моменти да ви изгледа невозможно.

nosi-xl-obleka-i-pozira-za-magazinot-vogue-foto-01

Тес успеа да се најде и во магазинот „Vogue“, нешто за кое Ким Кардашијан мораше да се труди со години, за на крајот целата работа да ја заврши нејзиниот сопруг Канје Вест.

Висока е 165 cm, а носи број на облека 48 или XL и претставува најкрупна плус-сајз манекенка во светот на модата.

Кога била тинејџерка често се пријавувала на кастинзи за модели, но секогаш ја одбивале.

Години подоцна, кога и крупните модели станаа актуелни, на Инстаграм ја открила сопственичката на агенцијата „Milk Model Management“, Aна Шилинглоу, кога случајно налетала  на нејзина фотографија и видела колку е популарна Тес на социјалните мрежи.

Оваа манекенка која често се фотографира во долна облека сака да пренесе порака дека сите девојки треба да се чувствуваат убаво и да имаат самодоверба без оглед на килограмите.

Погледнете како изгледа:

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава