Women’secret за секси и егзотично лето 2016

women-secret-za-seksi-i-egzoticno-leto-001.jpg

Women’secret ветува незаборавно лето со колекцијата костими за капење за сезона 2016. Костимите кои следат различни, актуелни трендови се вистинска инспирација за уживање под сонцето.

Бохо – седумдесетите се среќаваат со сегашноста

Колекција инспирирана од 70-тите, специфични принтови, реси, нитни и карнери. Одлични за девојките со боемски дух да ја истакнат својата женственост во најжешкиот период од годината.

Природна софистицираност

Еднобојни парчиња украсени со метални апликации. Минимализам во комбинација со впечатливи дезени, луксузни материјали и повеќенаменски парчиња дизајнирани за софистицирани жени.

Јамајка – изгубениот рај

Реинтерпретиран морнарски стил, костими со една прерамка и хитот за ова лето - плетени елементи во повеќе различни форми. Колекција која изобилува со интересни комбинации на дезени, како на пример риги со цветови и иновативни детали. Создадена за најмодрените девојки на плажата.

women-secret-za-seksi-i-egzoticno-leto-2.jpg

Тропски патувања

Бразилска инспирација со тропски мотиви кои асоцираат на патувања во Сао Паоло или Рио де Женеиро. Неодоливи модели на костими за капење, храбри принтови и многу украсни детали.

Африканска енергија

Океан, бранови, сурфање и релаксација. Африкански принтови во комбинација со солена вода....Колекција полна со инспирација од Африка и неочекувани комбинации: тиркизна и сина во контраст со црна боја, интересни текстури и  модели со спортска нишка.

Соработка со Јасна Лековска – Trinity

Како и минатата, така и оваа сезона Jaсна Лековска од Trinity останува пријателка на women’secret. Како “it” девојка – млада, активна, динамична и секси, таа секојдневно го промовира брендот со својот имиџ, а учествува и во неколку заеднички проекти.


Фотки од костимите за капење кои се дел од летната колекција:

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава