Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Пролетен тренд: Миди здолниште со цветен дезен

За сите вљубенички во здолништата со средна должина, омилените модни парчиња ќе доживеат „процут“ претстојната пролет.

proleten-trend-midi-suknja-so-cveten-dezen-1.jpg

Ако сакате да ја изразите својата женствена страна, бидете во тренд и изгледате убаво во текот на топлата сезона, миди здолништата се полн погодок. Достапни се во мноштво стилови, текстури и кроеви, а оваа пролет, најпопуларни ќе бидат миди моделите со цветни дезени.

Без оглед на висината, здолништата со средна должина им прилегаат на сите дами, но потребно е да знаете како да ги носите. Доколку сте пониски, стилистите препорачуваат да ги облечете во комбинација со високи потпетици, сеедно дали тоа ќе бидат салонки, сандали или получизми.

Покрај тоа што ќе ја освежи и даде прекрасна пролетна нота на секоја комбинација, овој модел на здолниште можете да го вклопите за секакви варијанти и широк спектар на пригоди. За што пооригинален изглед, одлучете се да ги споите миди здолништата со атрактивни модни детали, како впечатливи чевли, чанта или накит.

Во продолжение, ви откриваме неколку шик и стилски предлози за таа намена. Романтични, елегантни или игриви – изборот е ваш!

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
Тренд аларм: Фармерките со „буре ногавици“ ќе доминираат во 2025-та Овие фармерки се тесни во горниот дел кај струкот, а потоа се шират до колената,...
5 модели на палта кои ќе бидат во тренд овој јануари Палта од твид, капути или бунди во весели бои... што ќе биде во тренд во јануари...
8 модни додатоци кои Французинките ги носат поинаку од другите жени Иако повеќето стилисти ќе ви кажат дека златото не оди со сребро, Французинките ...
Путер жолтата боја е тренд за пролет 2025 (фото) Жолтата често знае да биде тешка за комбинирање, но оваа нежна верзија му прилег...
Наша, а светска: Горјана Кулишевска блеска во едиторијал за модниот магазин Marie Claire Горди сме! Нашата Горјана, позната како Џоја, со својата егзотична убавина си го...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg