Ситно каро - хит дезен на сезоната

Памучната ткаенина со ситно каро, познато и како „гингам“ , се најде на самиот врв на модните трендови оваа пролет. Како да го носите за да изгледате трендовски, стилски и урбано?

sitno-karo-hit-dezen-na-sezonata-1.jpg

Ваквиот ретро дезен, кој многумина ги потсетува на чаршаф за пикник, или, пак, евоцира спомени на модата од 50-тите години на минатиот век, доживеа кулминација на популарноста тековната пролет.

Омилен е помеѓу модните блогерки, дизајнерите и трендсетерките, па често може да го видиме на социјалните мрежи, како Instagram и Pinterest, но и на модните писти. Го има насекаде и во разни модни изданија, почнувајќи од здолништата и блузите, па сè до костимите за капење, аксесоарите и останатите ситни детали.

Сепак, поради впечатливиот изглед, потребно е да бидете внимателни и умерени во неговата примена. Претерувањето со овој дезен или лошата комбинација на бои, може да доведе до тоа наместо убаво, да изгледате кичесто.

При користењето на овој дезен, нашиот главен совет е да го сведете на минимализам. Изберете едно парче облека со ситно каро, додека останатите нека ви бидат еднобојни и со едноставен крој. Поентата е со „гингам“ дезенот да нагласите одреден дел од телото или да ја разбиете монотонијата на боите.

Во продолжение, ви издвојуваме дел од најубавите комбинации и начини на кои може да го носите овој дезен, за трендовски, стилски и урбан призвук на вашата гардероба.

Погледнете ги фотографиите во галеријата и пронајдете ја омилената инспирација за сончевата сезона.

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...

Најчитани неделава