10 модни трендови кои ни здодеаја и соодветнa заменa за нив


10 модни трендови кои ни здодеаја и соодветнa заменa за нив

Авијатичарските очила за сонце, ресите, огромните шешири и „голите“ фустани време е да заминат во заборав, барем на некое време.

10-modni-trendovi-koi-ni-zdodeaja-i-soodvetni-zameni-za-niv-01.jpg

Трендовите имаат непредвидлива судбина. Некои стануваат класика и траат вечно, додека други нечујно си заминуваат од модната сцена, без да ја добијат љубовта од широките народни маси.

Но, постои и трета категорија - трендови со кои се заразени апсолутно сите, па кога ќе излезете на улицата ви изгледа како девојките да се облечени во униформа.

Трендови кои ни здодеаја и соодветна замена за нив:

Фармерки + мрежести хулахопки

Модниот свет полуде по овој тренд. Но, поради тоа што сите се заразија толку многу, брзо се претвори во „анти-тренд“.

Заменете го со:

Едноставни фармерки без отсечоци со прав крој, чии рабови се нееднакви.

10-modni-trendovi-koi-ni-zdodeaja-i-soodvetni-zameni-za-niv-03.jpg

Чанти околу половината

Кога настапија овие чанти на сцената некои веднаш ги прифатија како шик детаљ, додека други рекоа дека ги потсетуваат на продавачите на пазар. Иако, тие сè тренд и во 2018, сепак не се омилени.

Заменете ги со:

Впечатливо „декорирани“ мали кружни чанти. Задолжителни се годинава.

10-modni-trendovi-koi-ni-zdodeaja-i-soodvetni-zameni-za-niv-11.jpg

„Голи“ фустани

Секоја трета позната дама ја видовме во ваков фустан и тоа можеби беше интересно пред неколку години, но веќе не е. Овие фустани понекогаш не изгледаат женствено, туку вулгарно.

Заменете го со:

Ако сакате да ги истакнете облините тогаш обрнете внимание на фустани со „сирена“ крој и со интересни детали.

10-modni-trendovi-koi-ni-zdodeaja-i-soodvetni-zameni-za-niv-10.jpg

„Пижама“ стил

Доволно гледавме ваков стил на улиците и светските модни случувања, сега време е пижамите да си останат само во спалната соба.

Заменете го со:

Светол XXL костим, кој ќе го искомбинирате со свилена кошула или блуза од шифон.

10-modni-trendovi-koi-ni-zdodeaja-i-soodvetni-zameni-za-niv-09.jpg

Реси

Реси на елеците, реси на чантите, реси на чевлите, како ресите да станаа премногу за очите. Плус, зошто да бидете како сите други?

Заменете ги со:

Ако не можете да се откажете од вашиот омилен тренд, тогаш обидете се да изгледате уникатно со чанта како корпа, со реси само како дискретна декорација.

10-modni-trendovi-koi-ni-zdodeaja-i-soodvetni-zameni-za-niv-08.jpg

Уште 5 модни трендови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Тренд за есен: Шик капути на врзување Капутот е едно од најомилените модни парчиња на сите трендсетерки за студените д...
8 трендови за плажа со кои е време да се збогуваме и нивна замена со н... Кажете им збогум на огледалните очила за сонце, монокините со отсечоци и бикинит...
Летен моден тренд: Одело со шорцеви За деновите кога сакате да изгледате деловно, и истовремено шик, оделата со крат...